Боро Митриќевски (1927 - 2018)

25.11.2018 13:18
Боро Митриќевски (1927 - 2018)

На 91 година, синоќа (24 ноември) почина академик Боро Митриќески, еден од реформаторите на домашното пластично скулпторство и великан на на македонското вајарство.

Митриќески припаѓа на третата генерација на македонските ликовни уметници, што внесе радикални промени во македонското пластично творештво, доближувајќи го него до најзначајните актуелни токови на современото европско и американско скулпторство, при што неговата улога е апсолутно доминантна, во неговите портрети, монументални скулптури и композиции што претставуваат трајна вредност во македонската скулптура во изминатите шест децении.

Во неговото богато портфолио влегуваат над 350 дела, меѓу кои има фигури, актови, композиции, торза, портрети и други творби кои претставуваат трајна вредност и наследство во македонското вајарство, од изминативе шест децении. Скулптор со извонредно реалистичен сензибилитет и голем мајстор на мермерот и дрвото.

Академик Митриќески е роден во Прилеп. Првите искуства за вајарството ги стекнал од Димо Тодоровски, а дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Потоа работел како ликовен педагог и бил директор на Уметничката галерија „ Даут пашин амам“ . За својата работа Боро Митриќески освоил повеќе награди и признанија, меѓу кои се „ 11 Октомври“, „ Нерешки мајстори“ и други.

 

ОкоБоли главаВицФото