Нов протест против отстранувањето на универзитетот основан од Сорос во Будимпешта

26.11.2018 02:21
Нов протест против отстранувањето на универзитетот основан од СОрос во Будимпешта

Студенти и професори во саботата (24 ноември) протестираа низ улиците на Будимпешта за да се спротивстават на владините мерки според кои универзитетот, основан од страна на американскиот филантроп и милијардер, Џорџ Сорос, треба да биде дислоциран од Унгарија.

Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ) најави дека ќе се пресели во Виена доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан до 1 декември не обезбеди правна рамка за продолжување на работата на оваа институција во Унгарија.

ЦЕУ речиси три децении нуди американски факултетски програми за илјадници студенти од поранешните социјалистички земји од Источна Европа.

Сорос повеќепати беше обвинуван од владата на Орбан дека сака да ја уништи европската цивилизација со прифаќање на стотици илјади мигранти на континентот.

 

ОкоБоли главаВицФото