Добро утро, Садула, министре за животна средина и шодае!

26.11.2018 01:39
Добро утро, Садула, министре за животна средина и шодае!

Добро утро, Садула, министре за животна средина и шодае!

Знам дека е недела и дека е неработен ден, но тебе ти е секој таков, така шо...

Види сеа вака...

"Јас, Ирена Ристиќ, граѓанка на Република Македонија, барам одговорност и оставка од тебе, Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање.

Изјавата ,,Јас не се бавам со граѓаните" е скандалозна од неколку аспекти.

Скандалозна е бидејќи ги фрла во корпа за ѓубре реакциите за срамниот буџет за животна средина за 2019. Реакции кои дојдоа од илјадници граѓани, активисти, експерти, организации, добронамерници, локални дишачи.

Скандалозна е бидејќи го обезвреднува поимот ,,јавен интерес" и ја маргинализира борбата за право на чист воздух, вода, почва, простор и одржлива средина.

Скандалозна е бидејќи го самонегира постоењето на министерството, како сервис на граѓаните.

Скандалозна е бидејќи ја потврдува досегашната заложба на анонимниот министер - да не прави ништо во ресорот.

Скандалозна е бидејќи ја потврдува недопирливоста во неработењето на голем дел од министрите и директорите од ДУИ, заштитени и замижани поради ,,баланс" во власта, и од СДСМ, и од многу организации, и од ЕУ.

Скандалозна е бидејќи со ваквиот сплет на околности се создаваат паралелни нефункционални државни органи, толерирани за „мир во куќа".

Скандалозна е бидејќи секој треба да има одговорности за изјавите во јавност, особено функционери. Без одговорност, останува горчлив вкус дека нивните дела се несразмерни со аферите и скандалите што се генерираат. Одговорноста така ќе остане недооформена категорија во националната политичка свесност, се шири митот на безгрешност, но и криминогена толеранција. Одговорноста мора да се зголеми, за да се враќа и довербата во институцииите кои се развиваат, се дообликуваат и кокетираат со западниот свет за примена на демократски вредности."

И затоа, драг Садула... #ОСТАВКА, брат!

Ти на нас ќе ни објаснуеш Швајцарија, ова-она!

Денес спреми се психички, а утре рано, понеделнички, достави ја оставката кај шо треба, согласно законот и процедурите!

(на Бојан Шашевски му благодарам за фино срочениот текст за скандалозноста на работењето и односот на гореспомнатиот Садула, да не се мачам јас, пошто недела, неработен ден)