Валерио Адами

27.11.18 04:07

Валерио Адами (Болоња,1935) е италијански сликар. Учел во Академија ди Брера во Милано, пота живеел и работел во Лондон и Париз. Неговите дела се под влијание на поп-арт движењето.

Во 1945 година, кога имал само десет години, почнал да учи сликарство кај Фелис Карена. Во 1955 година заминал во Париз, каде се запознал и бил под влијание на Роберто Мата и Вифредо Лам. Неговата прва самостојна изложба се одржала во 1959 година, во Милано.

На почетокот на кариерата, делата на Адами биле експресионистички, но за време на својата втора изложба во 1964 година во Касел, тој развил стил на сликарство, кој бил реминисенција на францускиот клоизонизам, слики обрабени со црни линии. За разлика од Гоген, сепак, делата на Адами биле високо стилизирани и често презентирани во фрагменти.

Во 1970-тите години, Адами во својата уметност почнал да обработува политички теми како модерната европска историја, литература, филозофија и митологија.

Во 1971 година, тој и неговиот брат Џионкарло го создале филмот Vacances dans le desert. Во 1974 година ја илустрирал песната на Хелмут Хајсенбуттел, Повремена песна бр. 27. Десет лекции за Рајхот со десет оригинални литографии.

Во 1975 година, филозофот Жак Дерида го посветил есејот, „+ R: Into Bargain", на делата на Адами, користејќи ја изложбата на цртежи на Адами како вовед во текстот за функцијата на „писмото и правилното име во сликарството" со референци на „нарацијата, техничката репродукција, идеологијата, фонемата, биографемата и политиката".

Извор: artnet

Слични содржини

Теорија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Книжевност / Музика / Око
Технологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото