„Која е најлудата работа што сте ја направиле како тинејџерка?“ Еве го одговорот на една скоевка.

27.11.2018 13:46
„Која е најлудата работа што сте ја направиле како тинејџерка?“ Еве го одговорот на една скоевка.

- Која е најлудата работа што сте ја направиле како тинејџерка?

- Во 1943-та станав скоевка. Тогаш имав 16 години. Се кладев со другарките дека на најопасниот од Редарството (сегашна полиција) во џебот ќе му ставам Титов леток. Не се сеќавам како се викаше, знам дека беше усташа и дека не беше од Сараево. И се правев дека чекам трамвај. Трамвајот дојде, му се доближив до вратата и кога тој влегуваше, му го уфрлив летокот во џеб и останав надвор. Тоа се случи на трамвајската станица каде што е Народната банка.

Минка; People of Sarajevo, 25.11.18.

 

ОкоБоли главаВицФото