1021 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 07:59
Сите дрвја пиф
сите камења паф
сета сета природа пуф
Сите сите девојки пиф
сите сите машки паф
сите сите женидби пуф
Сите сите Словени пиф
сите сите Евреи паф
сета сета Русија пуф
(Данил Хармс)
Пиф. Почина нашиот пријател и соработник, Павел Попов. После толку заеднички зборови во овие 25 години дружење и соработка, денес, стаписани, веќе немаме зборови.
За Темплум, Маргина и Окно за тој четврт век соработка Павел преведе неколку илјади страници. Преведувач е на цела низа култни Темплум книги: Даниил Хармс - Случаи; Владимир Набоков - Набљудувач; Евгениј Замјатин - Ние; Реј Бредбери - Фаренхајт 451; Едуард Лимонов - Девојка-ѕвер!; Јуриј Мамлеев - Вампир психопат; Михаил Агеев - Роман со кокаин; Андреј Платонов - Девствено море... Многу преведуваше за нашето списание Маргина, особено во периодот 1994-1998, а продолжи да преведува и за Окно.
Многу ќе ни недостасува. Но, неговата трага е голема и длабока.
Ти благодариме, Павел!
За Окно, Темплум и Маргина - Никола Гелевски на 27.11.18.
Од дома излегол човек
Со стап и вреќа
И на далечен пат,
И на далечен пат
Тргнал пешки.
Одел само напред.
И пред себе само гледал.
Не спиел, не пиел,
Не пиел, не спиел
Не спиел, не пиел, не јадел.
И така едно утро
Стигнал во мрачна шума.
И од тогаш,
И од тогаш,
И од тогаш исчезнал.
Ако некогаш го сретнете,
Што побргу,
Што побргу
да ни јавите.
(Данил Хармс; превод од руски: Павел Попов)
Фотографии: Akos Major