1028 hPa
35 %

12 °C
Скопје - Нед, 09.02.2025 14:59
Фандрејзинг промо настанот по повод шестото издание на фестивалот „Под Земја Полесно Се Дише“ ќе се одржи во четврток (29 ноември), со почеток во 20 часот во Галерија 7 во Стара чаршија.
Посетителите ќе имаат можност да ја видат продажната изложба на цртежи и да го слушнат акустичниот соло концерт на Филис Синаноска.
Средствата од продадените дела и донации ќе бидат искористени за покривање на трошоците за фестивалот Под Земја Полесно Се Дише 6.
Фестивалот секоја година се оддржува на последниот викенд од годината во подземните гаражи под Плочник и нуди разновидна програма од дела од секаков вид, инсталации, перформанс, концерти и сл. Зад организациската и кураторската улога на фестивалот стои уметничкиот колектив Кула.