Погребен блуз/ Сопрете ги часовниците, телефоните нека молчат

29.11.2018 10:50
Погребен блуз/ Сопрете ги часовниците, телефоните нека молчат

Сопрете ги часовниците, телефоните нека молчат,
Кучето нека не лае, фрлете му сочна коска.
Стивнете го клавирот, и со тропот тап
изнесете го ковчегот, на ужалените отворете им пат.

Авионите над глава нек' испишат тага,
на небото да стои: „Тој е мртов“.
Врзете тажачки панделки на белите гулабови шии,
сообраќајците нека навлечат ракавици памучни црни.

Тој ми беше север, ми беше југ, исток и запад беше,
мој работен делник и неделен сон.
Ми беше пладне, полноќ, песна и збор;
Мислев љубовта вечно ќе трае: во заблуда сум бил.

И ѕвездите сега ми пречат: угаснете ги сите.
Покријте ја месечината и симнете го сонцето;
Излијте ги океаните и сотрете ги шумите сега,
Бидејќи од ништо веќе аир ќе нема.


Препев: Mагда Ориѓанска

Цртеж: Александар Иванов

 

ОкоБоли главаВицФото