Промоција на книги и дебата во ГЕМ

29.11.2018 13:14
Промоција на книги и дебата во ГЕМ

Фондацијата Отворено општество – Македонија на 30 ноември (петок), со почеток во 19 часот, во ГЕМ клубот во Стара чаршија, ќе одржи промоција на книгите „Популистичкиот ум“ на Ернесто Лаклау, „За политичкото“ на Шантал Муф и „Безбедност, територија, население“ на Мишел Фуко, проследена со дебата.

Говорници на промоцијата ќе бидат Љупчо Петковски, извршен директор на Евротинк - Центар за европски стратегии, доц. д-р Ирина Талевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје и проф. д-р Маја Бојаџиевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Настанот ќе го модерира Санта Аргирова, новинар и претседателка на Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество - Македонија.

 

ОкоБоли главаВицФото