Човекот настинал од човек

30.11.2018 13:53
Човекот настинал од човек

Човекот настинал од човек.

Господ прв го промовираше концептот 3 во 1.


Господе, веруваш во човек?


Фала ти за науката, боже.


Црковни досетки: Нафоризми.


Зимска рамнодушница.


Кај и да си за Божик Кушадаси.


Да ви се плукнам на поштените марки!

Целзиус се шиша степенасто.


Го викнав лифтот и му дадов покачување.


Леталото тргна во напад, ама звучниот ѕид му досуди пробивање.


Имам пренесено поздрав преку пешачки.


Го фатив автобусот со друга.


Облечи се во црвено. Ти кажувам за твое бордо.


Би те навредила, но немаш грам мозок да ме разбереш.


Сакаш да ми бидеш партнер за малтретура?

Го прифатив некако концептот за паметен телефон, али бистар сок ми е стварно ту мач.


Не се обвинувај што си направила кифли насред диета, на секого може да му се меси.


Ало полиција, фармерките пукаат на мене!


Чварчињата се топат кога ќе ме видат.


Се лизнав при чистење коса од под, ќе скршев глава за влакно.


Сум го прескокнала делот од животот кај што нема пречки.


Маскара за очи + невнимание = масакр за очи.


Хиперболам.

Русија: имаме жена-космонаут!
Бразил: имаме жена-претседател!
Америка: имаме жена-нобеловка!
Македонија: имаме жена-парк!

 

- Од кај е водава?
- Од блиски извори.

 

- Имаш пробано мозок?
- Да, ама мал ми беше.

 

- Имате внатрешно крварење.
- Барем не се познава.

 

- Не ми текнува: како се викаше Фолцваген џипот?!
- Турет?
- Да бе, Фолцваген Турет!

 

- Знаеш ли кое е музичкото име на #СмрттаНаХуморот?
- Одар на радоста бе, товен!

 

- На крај на денот, луѓе сме!
- Ама долг е денот.

ОкоБоли главаВицФото