О, добро утро вие од влада.мк

01.12.2018 14:27
О, добро утро вие од влада.мк.

О, добро утро вие од влада.мк.По Устав и закони е флоскула што ја излитеа од употреба претходните, за кои нАли окапавме со години по улици.
Длабоко алергични сме на криењето на вашите функционери и администрацијата зад празни зборови дека се е според закон и пропис. На страна што во пола држава ништо не е според закон и Устав, ама мижите оти треба да го чувате политичко-партискиот и социјалниот мир во оваа бара.

АМАН, знаеме дека е по закон. Па 27 години ВИЕ ги менувате законите да ви одговараат на ВАШИТЕ потреби, а не на граѓаните. Целиот транзициски грабеж беше според закон, СК2014 е според закон, скопскиот урбан геноцид е според закон, речиси секој криминален договор и тендер е СПОРЕД ЗАКОН.

ПУлитичари, ако е според закон не значи дека е ПРАВИЛНО, во ЈАВЕН ИНТЕРЕС и според ПОТРЕБИТЕ на ГРАЃАНИТЕ.
Доста ни продавате МАГЛА!
За промена обидете се да донесете барем една одлука која ќе биде ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ!

Сè друго е јадно колку е провидно, ама секако дека е корупциски и клиентелистички по Устав и закон.

Слика: Небојша Гелевски