Возраста на оној кој пишува

05.12.2018 11:46

На Горан Стефановски

Го гледаш светот од прагот
со очи затворени со третата клепка
на птицата, проѕирна сета.

Во луѓето го наоѓаш она
што не го знаат за себе,

ги носиш нивниот крст и благослов,
им го живееш животот
поцелосен од нив самите.

Го запираш мигот во зборови стари како камења,
остри како ултиматум,
свежи како раните
што крвават во реално време.

Кој метар ти ја мери возраста
среде самотијата на писмото,
како Еврипид во пештерата
и животот – лаком, расипнички
во слободно инертно движење?

Кој кантар ти ги мери годините,
ранет исцелителу?

Ти
пишувач
без возрасти.

 

Препев од романски: Лидија Димковска

Јоана Јероним, романска поетеса, есеист, драматург и преведувач. Работела како автор, новинар за култура, културно аташе на Романија во Вашингтон (1992-96) и управител на Фулбрајт програмата во Романија. Член на Друштвото на писатели и на ПЕН клубот во Романија. Живее во Романија и во САД. Во 2010 год. Јоана Јероним преведе Избрани драми од Горан Стефановски на романски јазик со обемен предговор, а некои од преведените драми беа изведувани во најпрестижните романски театри. 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото