Железниот мост

06.12.2018 11:19

сум го поминала мостот на Муреш илјадници пати
еднаш застанувајќи за да уживам во погледот
другпат за да ги пропуштам другите да поминат
збрчкани и пропаднати во себе.
најчесто застанував точно на средината на мостот
посакував да се фрлам во реката и тоа обично зиме.
од дното на реката се подаваа огнени раце
што ме креваа и ме држеа во воздух до снеможување.
заборавав каде се наоѓам.
бев како слепец одржуван во живот од туѓа сила.

тогаш дојде првиот Патник
тогаш дојде првиот Болен.
тогаш дојде првото Дете.

под мостот поминуваа весели ѓаволчиња
стискајќи меѓу забите клети зборови
што се прпелкаа во устата небаре змиулчиња
устата им личеше на змија подолга и од реката.
се извлеков од огнените раце
само за да си ја покажам силата.
ѕид можев да преместам.
тогаш конечно стасав на Мостот.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото