Адила ја открива Америка

07.12.2018 14:59

Адила гледа како се свечерува
во гарсониерата на шестиот кат,
како светлината крадешкум се провлекува низ прозорецот
и прави исечок од портокалов правоаголник
врз ѕидот,
и во умот ѝ доаѓа зборот Америка.
Одамна,
во еден друг град,
исто така
кога светлината на летното зајдисонце
паѓаше накосо врз ѕидот на една куќа,
Адила зпираше среде играта
и гледаше како се свечерува.
Америка е и кога Адила мисли
на еден автомобил што кружи
по една улица
оградена со бескрајни пространства,
со вегетација изгорена од сонцето.
Зошто ли
Америка го означува сето тоа?
Зошто ли
мириса на лепешка
во уличката што ги двои зградата и гробиштата?

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото