Изложба на фотографии „Викторија“ – приказни за родово базирано насилство

08.12.2018 02:34
Изложба на фотографии „Викторија“ – приказни за родово  базирано насилство

По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство, ќе се одржи изложба на фотографии – ,,Викторија’’, која ќе се одржи на 8 декември 2018 година во 20 часот, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТИ центарот за поддршка Скопје, во соработка со Шелтер центарот “Сигурна куќа” и платформата за феминизам “Медуза”. Изложбата ќе биде поставена во кафе бар ,,Синдикат’’, а следствено и на веб-страната Медуза.мк - нова феминистичка платформа на македонски јазик.

Изложбата, која е дело на Христина Христова, се состои од 10 фотографии од жртви на родово базирано насилство и насилство поради сексуална ориентација и истите ќе бидат на продажба за време на настанот. Фотографиите се придружени со приказна напишана од страна на девојки и жени кои секојдневно се борат со искуството од кое нема криење.

„За да го прославиме нивниот триумф и храбар избор да се проба да се чекори понатаму, ве покануваме на изложбата ,,Викторија’’. Дојдете и искажете ја вашата поддршка на жртвите од родово базирано насилство!“, повикуваат организаторите на настанот.

 

ОкоБоли главаВицФото