Промоција на книгата „Дедлајна, љубов моја!“ од Владимир Лукаш

08.12.2018 10:29
Промоција на книгата „Дедлајна, љубов моја!“ од Владимир Лукаш

На 8 декември во фоајето на Кино „Фросина“, со почеток во 21 часот, ќе биде промовирана книгата раскази „Дедлајна, љубов моја!“ од Владимир Лукаш.

Настанот ќе го води Тихомир Јанчовски, за книгата ќе зборува Оливера Ќорвезироска, а раскази од книгата ќе читаат Николина Андова Шопова, Ана Голејшка Џикова, Трајко Џиков и Ѓоко Здравески.

Во поговорот на книгата „Слатко од време“ Оливера Ќорвезироска вели:

„Владимир Лукаш има редок осет за архитектура на нарацијата, за сензибилизација на прозната слика со ефекти на заматување, нијансирање, контрастирање или, најчесто, измолкнување од очекуваното, поништување на она што тргнало да се кажува. Се отвораат и се затвораат измислици како стари замаглени прозорчиња или како модерни, лизгачки стаклени површини, вперени секогаш во една иста желба: раскажувајќи да се бега.

Дел од расказите може да прочитате тука:

„Телата ви се на дното од големата река“
На отворањето на новиот Луна парк