Втората Југославија ја уништија најлошите

09.12.2018 14:42
Втората Југославија ја уништија најлошите

W. D. Behschnitt пишува дека југословенската идеја можела да настане само во мултинационално опкружување. Светозар Прибичевиќ, еден од нејзините најагилни застапници и творци на Југославија, напишал дека јужните Словени во состав на омразената Австро-Унгарија, во која се родила идејата, се надевале дека во Југославија, откако таа ќе се оствари, ќе може да уживаат повеќе слобода отколку во Двојната монархија. Биле наивни, а потоа и разочарани, изиграни од победничкиот триумфализам и ароганцијата на Србија. Сломот на унитаристички уреденото кралство го отвори патот за создавање, под мотото „Смрт на фашизмот – слобода на народот“ и „Братство – единство“, нова, федерална, секуларна, според интенцијата социјалистичка заедница.

Проблeмот унитаризам – федерализам, како и мерката на едниот и другиот во оптимални дози, по пропаста на таа заедница остана како мамурлук. Класното се повлекуваше пред националното и националистичкото, проникнувањето се забораваше на сметка на автохтоноста доведена до крајност па поврзана со правото на самобитност.
Во мирните времиња на распаѓањето на социјалистичка Југославија, еден анонимен самокритичен припадник на номенклатурата резигнирано изјави дека Југославија има првокласни проблеми и третокласна екипа која би требало да ги решава. Додека првата Југославија ја создаваа најдобрите, втората ја рушеа и срушија најлошите. Здружениот злосторнички потфат на антикомунистите и антикосмополитите зад себе остави задушлива мемла на верско-племенски идентитети и притаен гнев заради сметката што мора да се плати.

Игор Мандиќ за помодната пост Југославија луцидно забележува: „Тоа е фантомски екстремитет што нè чеша, нè чеша она ЈУ, па мислиме дека постои, а не постои. Тоа е фантомска болка на отсечен екстремитет, парцелизиран на некои штогоде државички кои сами по себе немаат никаков raison d’être, никаква причина за постоење и кои сите заедно одат по ѓаволите“. Повторно заедно, но во пропаста.

Слики: Зоран Кардула - Glory To Yugoslavian Design

Извор: https://www.portalnovosti.com

ОкоБоли главаВицФото