Стихови за сместување на посебно место во песната „Симнување од автомобил“

10.12.2018 10:22

тој има 13 мачки
и не му го кажувам името
се сретнавме случајно во замокот
еднаш дури и во една летна бавча, се сеќавам, беше вторник
кога дождот скрши неколку прозорци
обично го здогледував приквечер тргнат кон железничката
секогаш изутрина имаше воз
но одеше околу 9-10 км пешки
потоа се стуткуваше во чекалницата
беше стар другар со железничката
ни сега не знам дали ја сакаше толпата луѓе наоколу
мислам дека му ја држеше смртта далеку
од неговите песни само толку колку
една од неговите 13 мачки да може да се породи

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото