Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2018

10.12.2018 13:07
Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2018

Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ пристигнаа 16 ракописи од исто толку авторки и автори.

Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.

1. Викентие Ариќески – „Ќерката на Султана“
2. Денис Бојаров – „Мемоарите на Денис (Расказ на денот)“
3. Милена Веселиновска – „Зајдисонце на асфалтот“
4. Весна Божиновска – „Насмевката на ѓаволот“
5. Христина Димоска – „Сенки“
6. Ивана Блажеска – „Криенки и миженки“
7. Билјана Андревска – „Шармот на исповедите“
8. Драган Славковски – „Раскази од градината“
9. Добромир Црнобогов – „Возе, слатки возе“
10. Марија Митева – „Највисокото дно“
11. Велимир Станчески – „Сказни од килибар“
12. Александра Мачковска – „Светот на зборовите“
13. Андреј Ал-Асади – „Друго минато“
14. Славољуб Димитровски – „Кога небото беше земја“
15. Ива Дамјановски – „Четвртиот ѕид“
16. Дијана Петрова – „Бдеењето над себе“

Најдобро оценетите ракописи ќе бидат објавени на 17 декември (понеделник). Победникот ќе биде прогласен во ГЕМ на 28 декември (петок) во 12 часот од страна на тричленото жири: Ѓоко Здравески, Фросина Пармаковска и Петар Андоновски.

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 60.000 денари (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка АД Скопје.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон (Кирил Минанов), Дејан Мирчески, Драган Георгиевски, Михајло Свидерски, Сања Михајловиќ Костадиновска, Ѕвездан Георгиевски и Гето Руди (Дејан Василевски).

ОкоБоли главаВицФото