25 години од смртта на Конески - перформанс

10.12.18 13:46

Со поетски перформанс со не толку познати дела на Блаже Конески, втемелувачот на современиот македонски јазик, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје беа одбележани 25 години од неговата смрт.

Перформансот „Емоции – последна вечер“, во режија на професорката од Факултетот за драмски уметности Кренаре Невзати-Кери, е своевиден омаж за ликот и делото на Конески, кој почина пред 25 години, на истиот ден кога НУБ ги одбележува патрониот празник и 74 години од своето постоење.

Во перформансот учествуваа актерите Дејан Лилиќ и Филарета Атанасова и вокалот Александра Поповска. За перформансот се користени архивски материјали и фотографии од фондот „Блаже Конески“ при Архивот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Фотографии: НУБ „Св. Климент Охридски

ОкоБоли главаВицФото