Зимски дену,
ми носиш црна вест!
Смртта чука со средниот прст
на нашата порта.
Како да се поништи ужасот
со тоа што човек
не може да го сфати?
Проклета слабост да се зборне.
Поживинченост, ако молчиш.
Неверојатно: и во историски рекордниот буџет нема пари за борба против загадувањето!
Просто е неверојатно како во екот на глобалната кампања за климатските промени ние уште имаме министерство за екологија, кое служи само за меѓупартиски раскусурувања.
Проблемот на загадувањето не се решава преку врски и местења, не се решава ниту преку објавување „бомби“, ниту рекети и подмитувања, а најмалку со давање чудни „маркички“ за изградба на уште почудни згради. И затоа не се решава.
Неверојатно е дека и во историски рекордниот буџет на Република Северна Македонија нема никакви поместувања во однос на заштитата од загадувањето…