Забранета „политичка“ реклама

11.12.18 12:36

Рекламата што оригинално била создадена како краток филм од Greenpeace, се фокусира на палминото масло и на опасностите за околината што настануваат како резултат на сечењето на шумите во региони како Малезија и Индонезија.

Сечењето на дрвјата, за да се направи простор за палми од кои потоа ќе се произведува масло, води до драстично намалување на популацијата на орангутаните. Во моментов тие се критично загрозени, со само 3 преостанати видови. Според истражувањата, се верува дека од 1.000 до 5.000 орангутани умираат во процесот на создавање палмино масло секоја година.

Сепак, оваа реклама е забрането да се пушта на телевизија во Исланд. Според Clearcast, компанијата одговорна за одобрување на рекламите пред емитување, приказната на Ран-Тан е премногу политичка за да се покажува на малите екрани.

 Извор: mymodernmet.com

ОкоБоли главаВицФото