Даночни олеснувања за вработените и пензионерите и повисока минимална плата во Франција

11.12.2018 12:27
Даночни олеснувања за вработените и пензионерите и повисока минимална плата во Франција

По четири недели од почетокот на бурните протести во Франција на движењето „Жолти елеци“, претседателот Емануел Макрон реши „да ја спушти топката“ ветувајќи даночни олеснувања за вработените и пензионерите и повисока минимална плата.

Делумно призна дека има одредена одговорност за незадоволството велејќи дека „можеби ги повредил луѓето со неговите зборови“.

„Ние нема да ги продолжиме нашите животи на ист начин – како што направивме во минатото, во средината на слични кризи без навистина да разбереме или да смениме нешто. Ова е историски момент за нашата земја. Преку дијалог, почит и посветеност, ние ќе победиме“, рече тој.

„Сакаме Франција во која ќе може достојно да се живее од работата“, додаде.

Сепак, неговото неколкуминутно обраќање кон нацијата не беше доволно убедливо.

„Мислам дека се плаши и чувствува жештина и тоа е тоа. Тој го изгуби целиот кредибилитет и луѓето не му веруваат. Тој мора да замине. Замини“, вели еден од граѓаните кои секојдневно протестираат.

 

 Извор: BBC