Продавање лаги

13.12.18 01:40

„Продавање лаги“ е краток документарен филм за лажните вести, начини на кои преку алгоритмите на фејсбук стануваат достапни до милиони корисници, но и за мрежата тинејџери од Македонија, кои во најголем дел потекнуваат во Велес и нивното влијание врз резултатите од претседателските избори во САД во 2016 година.

Филмот е резултат на соработката на холивудскиот актер Морган Фримен и продукциите „Ајворкс“ и „Ревелејшнс Ентертејнмент“. Режисерка на филмот е Лесли Ајврекс, која во 2006 година беше номинирана за „Оскар“ за краткиот документарен филм „Рециклиран живот“.

Во „Продавање лаги“ посебен фокус има Велес и тинејџерите кои преку лажните вести заработија пари преку сервисот „Адсенс“ на Гугл.

Извор: Фејсбук профил на Морган Фримен

 

Слични содржини

Карикатура.мк / Око
Свет / Технологија / Око
Екологија / Око

ОкоБоли главаВицФото