Mи треперат гласните жици, прости ми, тремолам!

13.12.2018 03:09
Mи треперат гласните жици, прости ми, тремолам!

Во разговорот учествуваат: Тања Аждаја, Владимир Мартиновски, Марко Гучески, Оливера Ќорвезироска, Пандалф Вулкански, Иво Антов и Брадестиот Џо.


Тања Аждаја
Mи треперат гласните жици, прости ми, тремолам.


Марко Гучески
Е-дур те слуша - ќе ти прости.


Тања Аждаја

Не ме слуша само туку и сегде ме следи и Оди радосно - и по Сити молски скали, и низ Систинска акапела.


Марко Гучески
Нека чекори модерато дур ти пее парлато.


Владимир Мартиновски
Капетанот Немо пее со зарибнат глас.


Тања Аждаја
Тоа му е од октоподното греење.


Владимир Мартиновски
Откако ја уловил најголемата сипа Немо наполно засипнал.


Тања Аждаја
Твојот серијал досетки за Немо ќе го викам „Баратајќи го Немо".


Владимир Мартиновски
- Немој бе Немо! - му рекле на Немо пред да занеме.


Тања Аждаја
Ааа немоем појќе!


Тања Аждаја
А го слушна ли ти тој милозвучен планк тон?


Владимир Мартиновски
Капетан Немо милозвучно ја паркирал подморницата на контра пункт.


Владимир Мартиновски
Кога правел селфи со хоботница, на Немо му снемала неморија во мобилниот.


Владимир Мартиновски
Дур свирел во це-мол, Немо немо се молел китот до подморницата да седи мадурно.


Тања Аждаја

Но зошто це мол, а не - НЕМОЛ?!


Тања Аждаја
Ne-mol est trѐs trѐs mol.


Владимир Мартиновски
Одлично звучи не-мол, го пробав на харнемоника.


Владимир Мартиновски
Немо свири само од партитури на кои има неморандум.


Оливера Ќорвезироска
Напишете немоари.


Владимир Мартиновски
Немоарите на Немо и неговите соработници се напишани на неморзеова азбука.


Владимир Мартиновски
Капетанот Немо бил обвинуван за неморал оти во длабочините на морето не морал да ги почитува сите немодифицирани адети.


Иво Антов
Сфумато пост.


Оливера Ќорвезироска
Сфумато немост.

Оливера Ќорвезироска
Да стављам кафе?


Тања Аждаја
Какво е ова медоразбирање?!


Никола Гелевски
Неморазбирање, мислиш, не медоразбирање. Вака изглеа ко недоразбивање.


Тања Аждаја
Ве читам и ги поставувам вашите бисери на сцената во една школка. Имам прекрасна претстава за вас. Сметајте го ова за покана на нејзиното отварање (и на претставата и на школката).


Оливера Ќорвезироска
Ваљда е битно дали (не)разбирањето е љубовно или.. водно :)


Пандалф Вулкански
Мене поважно ми е да сум разбрануван, не разбран.


Оливера Ќорвезироска
Разбрануван или разбран сеедно е, само да не е разбракуван :)


Пандалф Вулкански
Развојот иде вака: низ раздор до разбор.


Оливера Ќорвезироска
...преку (добар) раствор.


Пандалф Вулкански
Преку разговор т.е. разбореност.


Оливера Ќорвезироска
Си го изгубил ноарот во себе, младиќу. Ја отров, он разговор!


Пандалф Вулкански
Го разбивам недоразбиеното, а ти мислиш го развивам?!
Недоразбирање е тогаш.


Пандалф Вулкански
Немаш разбор, Оливера, неразбрана си, шо да ти праам.


Оливера Ќорвезироска
Разборита нисам, али убојита јесам.


Пандалф Вулкански
Ко да си заостаната у развој.
Или да си паднала на глава од разбој.


Пандалф Вулкански
РАЗГОР (читам во речник) - климакс, пик, зенит, максимум, врв на работите...


Оливера Ќорвезироска
Кри-кри-макс, каков климакс, бре!

Тања Аждаја
Ме правите нервозна ко куќа со многу трема...


Оливера Ќорвезироска
Куќа со два-три трема и една оливеранда?


Пандалф Вулкански
Само Брадестиот може да долови трепетливо куќарче што се тресе (со ноџиња од чкорчиња). Ваљда слуша...


Пандалф Вулкански
Може да се прикаже (куќарчето) и ко келнер-магионичар што со тремовите во раце се спрема за на сцена (и трепери, од трема, ко зајак:).


Пандалф Вулкански
Згодната асистентка у светкаво трико му даа една оливеранда да се смири.


Пандалф Вулкански
И стварно се смируе од оливерандата. „Што е ова?!“, прашуа куќарчето-хипнотизер, а стриптизетата ги наведнува рамениците.


Оливера Ќорвезироска
Коља, бе, го смени жанрот :)


Пандалф Вулкански
„Микс од лаванда и лимун што лечи олигофренија“, објаснуе зајакот (со шепот, од шеширот).


Оливера Ќорвезироска
Те асоцирам на олигофренија, сепак... цццццццц.


Пандалф Вулкански
„Сто му тремова & веранди, ќе ме полудите!“, им се обраќа магионичарот на асистентката и зајакот, ама конечно е спремен за на сцена, више не трепери :)


Оливера Ќорвезироска
Коља-кољач...


Пандалф Вулкански
Шизофрениот и олигофрената на веранда ѝ ја читаат Алиса на малата Аждаја, која трепери од возбуда. (бајка за инклузивност, а и да престане да се љути каприциозната Оливеранда)


Оливера Ќорвезироска
Два поздрава за шизофрениот (и кога е злато и кога е 'рѓа) од олигофрената <3 <3


Тања Аждаја
Дури јас се чудам дали сум Ољохолик или Кољопат, доаѓа кловнот од циркусов и го заклучува со триста траКатанци.


Оливера Ќорвезироска
Ти, тањурче радост си.


Брадестиот Џо

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тања Аждаја
Е не добиваш од моето тањурче со тањатели!

 

Слики: Брадестиот Џо
 

ОкоБоли главаВицФото