Марш на црвените чадори

18.12.18 01:19

Институциите да ги заштитат сексуалните работници и нивните човекови права од стигматизација и дискриминација, побараа сексуалните работници и активистите за човекови права на десеттиот по ред Марш на црвените чадори, кој се одржа на 17 декември, во организација на Граѓанската иницијатива за заштита на правата на сексуалните работници „Стар“.

Сексуалните работници, го креваат гласот против игнорирањето и лошите политики кои уште повеќе ги туркаат на дното, како и против оние кои спроведуваат двојни стандарди, осудувајќи го нивниот избор, истовремено уживајќи во нивните услуги.

Претставниците на Стар велат дека во земјава има од 3.000 до 5.000 сексуални работници, кои секојдневно се изложени на насилство не само од клинетите, туку и од полицијата од која бараат заштита.

 Фотографии: Ванчо Џамбаски

Видео: Макфакс

ОкоБоли главаВицФото