„Животот на другите“, изложба на Марија Смилевска

18.12.2018 10:36
„Животот на другите“, изложба на Марија Смилевска

На 18 декември во галеријата КО-РА при ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, со почеток во 19 часот, ќе се отвори „Животот на другите“, самостојна изложба на Марија Смилевска.

 

***

Духовен страв? Скриени и потиснати во несвесното? Изолацијата и човековата слабост?

Што човекот најчесто свесно и/или несвесно крие?

Креира маска како „симулација“ на индивидуалност, криејќи ја од себе својата сенка. Дали имаме лажна комуникација со себе?

Преку мистериозните фигуративни форми позиционирани во имагинарни амбиенти, сликите го повикуваат гледачот да комуницира со внатрешниот свет на осамени личности.

ОкоБоли главаВицФото