Еве ме како блујам и не престанувам

18.12.2018 15:44

еве ме како блујам
капки слуз во кутија цигари:
слика која некој иден млад надежен
сценарист ќе ја вгради во некои иден
ебан филм, ебана претстава, итн.

еве ме како блујам, евтина инспирација
за идни неприлагодени песни, сите до една
славни после мојата смрт...
па нели ви е полесно така – нешто да славите
мртво, закопано, гнило, немо –
отколку да се фатите во костец
со малку оган и троа искри
кои низ периките и деколтеата
ќе ве жегнат ко заскитани светулки
(тибам, понежен од ова не можев да бидам.)

боже, си мислам, па за кој мој ги штедам
сите овие ебани т.н. (впрочем целосно неебани)
критичари, теоретичари, поети, писатели, академици
и што ти уште не, кои се фаќаат за сите мои пцости
во моите сопствени песни, без притоа да помислат,
макар со трошка од нивните прославени (а шупливи)
умови, колку вистина се обидувам да му кажам на светот.
(кога велам „вистина“, мислам на една целосна убавина.)

еве ме како блујам слуз и крв и смеа во празна кутија
од цигари. еве ме. пеплосан од цигари, изгорен од копнеж.
се обидувам да ги користам сите прсти кога пишувам.
боже, си мислам, па за кој мој го правам сево ова –
и одам да си легнам, сам но неосамен. свој со себе. 

01.03.2010 01:27

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото