Промоција на културното наследство на иновативен начин - изложба во НУБ

20.12.2018 01:59
Промоција на културното  наследство на иновативен начин - изложба во НУБ „Св. Климент Охридски“

Во Европската година на културното наследство, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ја организира изложбата „Промоција на културното наследство на иновативен начин“.

На изложбата ќе бидат презентирани дизајнирани предмети инспирирани од орнаментиката во словенски ракописи 13 - 17 век од Археографската збирка на НУБ.

Изложбата „Промоција на културното наследство на иновативен начин“ ќе биде отворена на 20 декември (четврток), со почеток од 12 часот во холот на библиотеката.

 

ОкоБоли главаВицФото