Најдобрите книги за деца во 2018 - според „Њујорк Тајмс“

20.12.2018 15:49
Најдобрите книги за деца во 2018 - според „Њујорк Тајмс“

Весникот „Њујорк тајмс“ од 1952 година избира најдобро илустрирана детска книга објавена во САД во текот на годината. Стручното жири за 2018 година е во состав: Леонард Маркус, историчар и критичар на литература за деца; Џени Розеноф, библиотекар во одделот за детска литература во јавната библиотека во Њујорк; и Брајан Колиер, автор и илустратор на многу наградувани сликовници и минатогодишен добитник на наградата. Еве го нивниот избор за најдобро илустрирана книга за деца.


„Сонувачи“ (Dreamers)

Напишано и илустрирано од Џуи Моралес (Yuyi Morales)

Шарените колажи на Моралес создаваат прекрасен бајковит и сонувачки ефект во оваа моќна приказна за една мајка и нејзиното дете кои, во потрага по нов живот, го напуштаат Мексико, тргнувајќи на пат исполнет со неочекувани доживувања.



„Флорет“ (Florette)

Напишано и илустрирано од Ана Вокер (Anna Walker)

Kлаустрофобичните градски сцени, обоени во земјени тонови, се претопуваат со бујното зеленило. Тие претставуваат прекрасна визуелна позадина на големата надеж на едно мало девојче да се прилагоди на новиот урбан пејзаж.


„Ајобами и имињата на животните“( Ayobami and the names of the animals)

Напишано од Пилар Лопез Авила (Pilar Lopez Avila)

Илустрирано од Мар Азабал (Mar Azabal)

Во оваа убава книга што е како скапоцен камен на детската литература се раскажува за девојка која сака да научи да чита. Буквите што се прелеваат од страниците се направени како колажи од хартија и виножита од бои. Секоја слика и секоја страница раскажува својата приказна со тивок, ненаметлив глас.


„Шумата“ (The Forest)

Напишано од Рикардо Бози (Riccardo Bozzi)

Илустрирано од Виолета Лопиз и Валерио Видали (Violeta Lopiz and Valerio Vidali)

Како прошетка по шумите од приказните, оваа книга е возбудливо визуелно патување низ далечна неистражена територија полна со детално изработени исечоци, преклопени страници што се отвораат и со врежани слики, создадени од двајца уметници од Италија и Шпанија.


„Си беше еднаш куќа“ (A house that once was)

Напишано од Џули Фолијано (Julie Fogliano)

Илустрирано од Лејн Смит (Lane Smith)

Во оваа приказна за деца кои ќе откријат напуштена куќа, вешто изработените слоеви и лирските пикторални слики на илустраторот Лејн Смит создаваат свет обоен со широк спектар на шумски бои и спектар од нежни до остри линии.



„Нашиот автомобил„ (Our car)

Напишано од J. M. Брум (J. M. Brum)

Илустриран од Јан Бајтлик (Jan Bajtlik)

Она што е помалку е многу повеќе во оваа возбудлива книга, илустрирана со бои на играчки. Ова е ода на полскиот уметник Јан Бајтлик, приказна за возилата кои не само што вистински возат, туку се и позитивни и го трасираат патот.


„Таа направи монструм: Како Мери Шели создаде Франкенштајн“ (She made a monster: How Mary Shelley Created Frankenstein)

Напишано од Лин Фултон (Lynn Fulton)

Илустриран од Феличита Сала (Felicita Sala)

Игривите и снажни хорор портрети, од илустраторката Феличита Сала, заедно со мајсторски морничавите сцени - отвораат величенствен прозорец за разбирање на дивата имагинација на англиската романсиерка Мери Шели.



„Погребот“ (The Funeral)

Напишано и илустрирано од Мет Џејмс (Matt James)

Шарените акрилици на Мет Џејмс и разиграните колажи на вообичаено тешката тема за смртта ѝ даваат необична младешка енергија. Книгава успева и да даде потресен увид во тоа како децата го разбираат светот на возрасните.



„Run wild“

Напишано и илустрирано од Дејвид Ковел (David Covell)

Мирните медитативни акварели кои одлично го отсликуваат брзото трчање и ракописно напишаниот текст на илустраторот Ковел, нè носат во весела авантура низ отворените простори на природата.


„Посетителот“ ( The Visitor)

Напишано и илустрирано од Антје Дам (Antje Damm)

Во впечатливата книга на Антје Дам едно момче влегува во осамениот, црно-бел, 3Д колажиран свет на една жена, внесувајќи експлозија на боја, светлина и живот.

Извор: The New York Times

Слични содржини

Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Квир / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Живот / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност

ОкоБоли главаВицФото