Изложба на Анастасија Пандиловска

21.12.2018 17:13
Изложба на Анастасија Пандиловска

На 21 декември во 19 часот, во една од галериите на Дом на Култура “Кочо Рацин” ќе се отвори самостојната изложба „For there was nothing, but matters touching, matters talking” на уметницата Анастасија Пандиловска.

Внимателно истражувајќи го Дом на култура “Кочо Рацин” и неговото историско значење како место иницирано за да ја негува културата, Анастасија Пандиловска го користи просторот и го поканува да биде дел од нејзината фигурација. Таа ја користи изградената средина како носивна структура која што придонесува кон создавањето на значење и перцепирање на тоа значење.

„For there was nothing, but matters touching, matters talking” може да се види како метод преку кој промислено додадените материјали овозможуваат друг начин да се разбере и да се прочита дадениот простор. Пандиловска го пренасочува чинот на обликување на материјата во заедничка гест за да го стави просторот во движење. Таа го стимулира просторот и со тоа создава простор во кој ја истражува можноста локусот да стане самостојно дело.“For there was nothing, but matters touching, matters talking” влијае на блискоста со посетителот за да се наврати на значењето на создавање на дом за култура.

Изложбата „For there was nothing, but matters touching, matters talking” е дел од проектот Collective Domain of Cultural Memory.

Анастасија Пандиловска е македонска уметница која живее и работи во Амстердам, Холандија каде во 2015 година заврши на академијата Gerrit Rietveld Academie. Има учествувано на повеќе групни изложби и сумпозиуми низ Европа. Паралелно со нејзината пракса работи како куратор и гостин предавач. Во 2016 година добитник е на EECKMAN награда за современ цртеж во Брисел, Белгија.

ОкоБоли главаВицФото