Постaпокалиптична Македонија

22.12.18 01:52

О2 Иницијатива на социјалните мрежи објави постапокалиптични фотографии од палење гуми во печки за вар во близина на Струмица.

„Апокалипса на нашата реалност, дистопичниот свет на нашата земја како исечок од Mad Max.
Секој кој знае/л и бил/е одговорен и надлежен во каков било контекст ќе одговара за ова. За ова се лежи во затвор. #ПостАпокалиптичнаМакедонија #ЗатворЗаОва“, пишуваат активистите.

Дел од овие фотографии се објавени на порталот undark.org во статија за загадувањето во Македонија под наслов „Над античките долини на Македонија се шири темен облак на загадување“ (In the Ancient Valleys of Macedonia, a Pall of Air Pollution).

Извор: О2 Иницијатива

ОкоБоли главаВицФото