Викендов почнува шестото издание на фестивалот „Под земја полесно се дише“

22.12.2018 03:53
Викендов почнува шестото издание на фестивалот „Под земја полесно се дише“

Почнува ново издание на фестивалот „Под земја полесно се дише“ кој го организираат младите креативци, собрани во колективот Кула. Еве ја нивната најава:

„Жестокото шесто издание на мултимедијалниот фестивал Под Земја Полесно Се Дише е во полн ек! На 22 декември (сабота) во 20 часот повторно се симнуваме под земја во гаражите кај Плочник за да се заплакнеме од сеопштиот малограѓански, маалски и медиски смог. Како алтернатива ви го нудиме филтерот на гласната музика, мистериозната уметност, перформативниот танц и студеното подземје како трансформација на истиот тој смог во смисла.

Експлозивно-продирачки перформанс, инсталации скулптури и експерименти од научно-уметнички, а богами и експедитивно-политички едукативен тип, дебата на тема „Транскрипција на 21 век преку синаптичките јазли на балканскиот ум(етник)“ од професор доктор Никола Буданович и локален артист и несинхронизирано научно караоке читање… се само дел од мноштвото интригантни содржини кои нема да ве остават рамнодушни“, велат организаторите. 

 

ОкоБоли главаВицФото