1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 04:59
Поради тоа каде пораснав и што работеше татко ми, природата е голем дел од Твин Пикс и шумите се навистина важни. Тие се огромен дел од приказната. И тука е Пожарникарот и тука е жабата-молец, по потекло од Југославија.
Кога Џек и јас бевме во Европа, седнавме на Оријент експресот во Атина за да се вратиме во Париз; значи, минуваме низ Југославија и стварно, стварно е мрачно. Во одреден момент возот застана и тука немаше станица, но можевме да ги видиме луѓео што се симнуваа од возот. Одеа до некакви платнени шатри со придушени светленца, каде што пиеја некои обоени пијалаци - виолетови, зелени, жолти, сини, црвени - а тоа беше само зашеќерена водичка.
Кога излегов од возот згазив во таа мека прашина која, ми се чинеше, е дваесет сантиметри длабока, и дуваше, а од земјата испоскокаа тие огромни ноќни пеперуги, како жаби, и летаа и се превртуваа и пак се враќаа доле. Значи, тоа беше жабата-молец. Работите само некако си се појавуваат во Твин Пикс.
(од ROOM TO DREAM, 2017)