Премиера на „Дома“ од Буден театар

26.12.2018 12:10
Премиера на „Дома“ од Буден театар

На 27 декември (четврток) во Планетариумот при МКЦ, со почеток во 22:30 часот, ќе се одржи премиера на претставата „Дома“ од Буден театар.

„Дома“ e aвторска претстава на Милиана Ленак, правена по мотиви од „Снежната Кралица“ на Х. К. Андерсен.

Еден ден ѓаволот беше многу добро расположен затоа што тукушто заврши огледало што имаше посебна моќ: сѐ што беше убаво и добро се рефлектираше во него во ништожност, а она што беше безвредно и грдо стануваше очигледно уште погрдо. Ако добра мисла му минеше некому низ глава, таа во огледалото се прикажуваше како смртен грев.

„Сега конечно можеме да видиме како изгледа светот и луѓето.“

Во претставата играат Милиана Ленак и Лена Илиевска, музиката е на Виктор Гајтаноски и Оливер Јосифовски, продуцент е Тина Митева, а плакатот е дизајниран од Наташа Андонова.