Се посраа и на моите надежи за понормална Македонија

27.12.2018 16:36
 Се посраа и на моите надежи за понормална Македонија

Чувствувам потреба да им се извинам на сите оние кои ги осудував зашто не се интересирале за политика - во ваква жабокречина од држава, веројатно само така можеш да останеш нормален.

Не сум земала пушка, не сум идела у планина низ снегови, не ми гинеле другари на раце, тоа е факт. (Ова за златните циници кои се пресераваат на фразата „борба против режимот"). Но во изминативе години не само јас, туку еден куп луѓе кои ги знам правевме сè што беше во наша моќ да се избориме со аждерот вмро: со денови сме протестирале и на +50 и на -10; бевме гласни иако тоа за некои значеше отказ или закана од отказ, убедувавме луѓе дека треба да се интересираат за политика, се расправавме со блиски и далечни, секаде кадешто можевме се ангажиравме да направиме промени во лошите закони, пишувавме, мозгавме, се туркавме со полиција, некои пиеја пендреци и притвори, навечер некогаш си плачевме од мака, ама спиевме мирно зашто знаевме за што се бориме: за правда, за вистина, за затвор за криминалците, за никад више вмро.

Оние кои ветуваа дека ќе ја донесат таа промена во наше име, денес се посраа на сè што ветија. За жал, се посраа и на моите надежи за понормална Македонија. Се посраа и на сето направено досега, и на заложбите на илјадници луѓе во текот на оваа деценија.

Чувствувам потреба да им се извинам на сите оние кои ги осудував зашто не се интересирале за политика - во ваква жабокречина од држава, веројатно само така можеш да останеш нормален.

Меѓутоа јас веќе одамна сум ненормална и не можам да престанам да се интересирам и да се нервирам. Уморна сум, преку глава ми е од протести, ладно е, досадно е, можеби и безнадежно. Ама тешко ми е ова да го преќутам. Не може да нема правда, нели?

 Слика: Небојша Гелевски

ОкоБоли главаВицФото