1008 hPa
93 %
7 °C
Скопје - Пон, 09.02.2026 23:59

Во петок во 20.30 часот во ГЕМ клубот промоција на најславната модерна графичка новела.
После неколкуте поглавја објавени пред 25 години во списанието Маргина, славниот стрип Маус конечно и интегрално е достапен на македонски, во сјајно издание во едицијата Лифт.
Како подарок за читателите на Окно овде ви ги пренесуваме првите 42 страници од стрипот.
Рекле за Маус:
Најдобриот стрип што сум прочитал. Нема ниту еден ред, ниту еден збор повеќе. Многу директен, многу моќен, многу интригантен. (Steve Bell)
Извонредно дело и по својата замисла и по својата изведба... истовремено и роман и документарец и мемоари и стрип. Брилијантно, едноставно брилијантно. (Jules Feiffer)
По својот ефект врз читателот, рамен е на Кафка. (David Levine)

Многу ретко наидуваме на книга која е точно онака смела како што ја фалат. Ова е таква книга. (Esquire)
Ненаметлив триумф, трогателен и едноставен - неможно е сосема да се опише и неможно е да се постигне каде било другде - освен во стрип. (Washington Post)
Поради Маус самите стануваме сведоци на поинаков начин: поради самата површинска нестварност всушност можеме да ја видиме подлабоката стварност. (Newsweek)
Првите две поглавја од стрипот Маус
| Прилог | Големина |
|---|---|
| Преземи | 9.08 MB |