Имаш право на чист воздух!

28.12.18 02:31

Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), во Македонија се дише најотровен воздух во Европа! Од загадениот воздух најмногу страдаат децата.

Еко активисти-Движење за чист воздух и Детската амбасада Меѓаши изработија видео со мото „Ти имаш право на чист воздух! Ќе преземеш ли нешто?!“

„Децата се почувствителни од возрасните на внатрешно и надворешно загадување на воздухот, бидејќи нивните бели дробови, мозокот и имунолошкиот систем сè уште се развиваат, а нивниот респираторен тракт е попорозен.

Децата во раниот детски развој се немоќни било што да сменат. Република Македонија како потписничка на Конвенцијата за правата на детето е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат!

Бараме итно преземање соодветни мерки од надлежните институции!“, велат од овие организации.

 

Извор: Детска амбасада Меѓаши

ОкоБоли главаВицФото