Зар сè уште некој верува дека истите кои го направија овој русвај можат тоа да го оправат?!

01.01.2019 13:33
Зар сеуште некој верува дека истите кои го направија овој русвај можат тоа да го оправат?!

И замислете – Ве молам!
За 2-3 месеци ќе треба да гласаме за Претседател на државата, кој ќе е кандидат на некоја од партиите кои државава ја покрадоа, искриминализираа, отруја...
Нивните партиски култури – нивните партиски генетски кодови - последниве 27 години создаваат и манифестираат корупција, бирократија, непотизам, невработеност, несигурна иднина, обвинувања, криминал и насилство, еколошко загадување, сиромаштија...
Овие однесувања се влезени во сите пори на системот, во сите институции.
Па луѓе мои, зар сè уште некој верува дека истите кои го направија овој русвај, оваа токсичност, можат тоа да го оправат?
Да се гласа за нив, е како на лошиот да му се даде орден - дозвола и понатаму да биде лош.
Како на лоповот, да му се даде лиценца за крадење – уште еден мандат по искривени вредности.
Па тоа е апсолутно ЛУДИЛО драги мои.

Слика: Небојша Гелевски