Силјан Штркот

01.01.2019 12:45
Силјан Штркот

Во разговорот учествуваат Ѓоко Здравески, Филип Јовановски, Живко Гроздановски, Трајко Џиков, Тања Аждаја, Владимир Лукаш, Иван Календар, Дарјан Данески, Милан Дамјаноски, Николина Андова Шопова, Ѕвездан Георгиевски , Ана Тодоровска, Славица П. Диневска, Кристијан Калинов, Татјана Б. Ефтимоска и Немања Трајковиќ.

 

Ѓоко Здравески
Штрк навлечен на бело: Силјан Шмркот.

 

Филип Јовановски
Штрк навлечен на лиснато: Силбо Штркот.

 

Живко Гроздановски
А Хорсон Велс, режисерон навлечен на хероин?!

 

Филип Јовановски
Или Џон ТРАВАолта, актер навлечен на грас.

 

Живко Гроздановски
Ја го мислев Гинтер на трава навлечен.

 

Трајко Џиков
Тоа би можел да биде и Фиљан Штркот.

Трајко Џиков 

Штрк навлечен на пљукање на земја: Силјан 'Ркот.

 

Дарјан Данески
Штрков балгам наденат на шило: 'Ркољац.

 

Тања Аждаја
Штрк алкохоличар: Силјан Штокот.

 

Филип Јовановски
Штрк што оди на одмор во Хрватска: штрКРК.

 

Тања Аждаја
Штрк паничар: Силјан Штрекот.
Штрк во перална: Свилјан Штиракот.

 

Милан Дамјаноски
Размазен штрк: Свилен Штркот.
Откачен штрк: Силјан Швркот.

 

Филип Јовановски
Штрк што личи на Кларк Гебл: Силјан Бркот.

 

Трајко Џиков
Штрк мафијаш?
Сицилијан Штркот.

Владимир Лукаш

Билјан Штркот: охридски штрк.
Зијан Штркот: кешогубен штрк.
Штрк диригент: Џијан Штркот.

 

Николина Андова Шопова
Или битолски, Силјан Штекот, што го имат праќано по цигари во маало.

 

Ѕвездан Георгиевски
На битолски нема „т“ на крајот. Силјан Штеко.

 

Владимир Лукаш
Грилјан Штркот: штрк скараџија.

 

Живко Гроздановски
Чилјан: штркот што си свил гнездо на оџакот од зградата на Биљана Стојановска и Андреј.

 

Филип Јовановски
Штрк режисер: Шијан Штркот.

 

Ана Тодоровска
Штрк активист: Силјан Штрекот.

Живко Гроздановски 

Штрк чокохоличар: Силјан Штаркот.

 

Славица П. Диневска
Штрк во пубертет: Сили Бркот.

 

Кристијан Калинов
Солунски штрк: Ѕилијан Гркот.

 

Николина Андова Шопова
Силјан Мркот: штрк мрчатор.
Смилен Штркот: штрк рапер.

 

Татјана Б. Ефтимоска
Силјан Шмрко е битолчанецот што работи во перална за коли.

 

Немања Трајковиќ
Смотан штрк: Силјан Здркот.

 

Иван Календар
Штрк што пишува лоша поезија? Раде Силјан.

Карикатури: Гери Ларсон

ОкоБоли главаВицФото