
Во годината зад нас откритијата можеби не предизвикаа медиумска еуфорија, но научниците оваа година го поместуваа фронтот на сознанијата во бројни области, од антропологијата до истражувањата во вселената, кои впрочем доминираа во медиумите. Издвојуваме неколку медиумски најзабележани научни настани во 2018 година:
Зонг Зонг и Хуа Хуа, првите клонирани мајмуни
Првите клонирани мајмуни
Во Шангај, на Институтот за невронаука на кинеската академија на науките, во јануари 2018 година беа претставени Зонг Зонг и Хуа Хуа, првите клонирани мајмуни.
Куклата Старман во вселената
Старман во вселената
Тестот кој успешно беше изведен на 6 февруари во лансирачкиот комплекс 39А го следеа речиси сите светски медиуми, како и половината милион гледачи кои се наоѓаа во близина на вселенскиот центар Кенеди на Флорида во САД. Ракетата Фалкон Хеви, на компанијата SpaceX успеа да полета носејќи ја куклата Старман, отворајќи нова ера во истражувањето на вселената.
Стивен Хокинг
Заминувањето на Хокинг
Физичар, космолог, писател и мислител, секако еден од најголемите умови на денешницата, Стивен Хокинг почина на 14 март во својот дом во Кембриџ, што го привлече вниманието на буквално сите светски медиуми.
Кинеската вселенска станица Тиангонг-1
Падот на кинеската станица
Кинеската вселенска стануца Тиангонг-1 падна на Земјата на 2 април, над јужниот Тихи океан. Поголем дел од станицата согоре во атмосферата на Земјата.
Крвавата месечина на 27 јули 2018 година
Крвавата месечина
Во петокот, на 27 јули, во вечерните часови на небото со часови беше видлив прекрасен астрономски феномен – целосно затемнување на Месечината проследено со интересниот распоред на планетите на небото.
Генетски модификувани бебиња
Тим кинески научници во ноември предизвика медиумска лавина од реакции со објавата дека се родени Лулу и Нана, првите бебиња близнаци со едитирани гени, кои се отпорни на вирусот ХИВ.
Роботот Инсајт
Инсајт на Марс
Во пространата рамнина Елизиум на Марс, вулканска област во близина на екваторот, на 26 ноември се спушти метална птица со три нозе, со еден метар висок труп, со крила од соларни панели со распон од шест метри и два метри долга рака – тоа е роботот Инсајт, испратен од Земјата на Марс за најпосле да ја испита неговата внатрешност и да утврди дали во него можеби има живот.
Извор: http://naukakrozprice.rs