Главолом шампионите за 2018!

03.01.2019 18:55
Главолом шампионите за 2018!

ГЛАВОЛОМЦИТЕ ВО 2018

Не може пратеник да брка по контејнери

Не може некој четири години да биде пратеник, а после да брка по контејнери.

Талат Џафери, пратеник и претседател на Собрание; А1ОН.МК, 25.12.18.


За добробит на својата структура

МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура.

Соопштение на МПЦ; 07.12.18.


Јас не се бавам со граѓаните

Јас не се бавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат.

Садула Дураки, министер за животна средина, одговара на прашање на ТВ Сител, кој е неговиот став за најавите дека граѓани ќе ја тужат државата за аерозагадувањето; 21.11.18.


Доналд Трамп во Париз со Емануел Кант

Американскиот претседател Доналд Трамп во Париз се сретна со неговиот француски колега Емануел Кант, кој се трудеше да покаже дека добрите односи и понатаму опстојуваат.

Денешен весник (портал), 12.11.18.


Во ист момент сите во Скопје да ги отворат на една минута прозорците од домот

Во ист момент сите во Скопје да ги отворат на една минута прозорците од домот и топлиот воздух од домовите ќе се крене и сите честички ќе ги крене високо во облаците, а ладниот и свеж воздух полека ниско ќе навлезе и ќе се реши проблемот веднаш.

Иван Исцелител, Фејсбук, 03.11.18.


Во рамките на една статистичка грешка

Граѓаните се поделени на три групи. Најмалата е онаа група која би излегла на референдум и би се изјаснила „за“ договорот. Таа е во рамките на една статистичка грешка.

Христијан Мицкоски, во интервју за Сител телевизија, 22.08.18.


Функционер сум за да преживеам

Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене.

Џезаир Шакири (познат како командант Хоџа); Фејсбук,05.05.18.


Имавме проблеми со шофершајбната

Гуми за тие возила немаше, беа стари и требаше да се исфрлат од употреба. Јас седев напред во возилото, а имавме проблеми со шофершајбната која ни правеше диоптрија и од тоа ни се матеше во главата и на мене и на возачот. Кога се јавивме во фабриката да прашаме зошто е тоа така ни беше кажано дека тој проблем може да ни го расипе видот. Бев на контрола и ми најдоа оштетување на видот.

Дејан Митровски - Урко, поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, во изјава на суд; МКД.мк, 25.04.18.

АСПИРИНИТЕ ВО 2018

Македонија не е Швајцарија, затоа си министер!

На муабетот на министерот за животна средина дека Македонија не е Швајцарија, еден дечко вели:

Па, не е Швајцарија, затоа си министер! Да е Швајцарија, ќе работиш у Комуналец.

Шо не е јасно?!

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 23.11.18.


Единствено погадно и помизерно од бегството на Грујо е...

Единствено погадно и помизерно од бегството на Грујо и срамната неспособност на нашата власт ми е бедното кукање без трошка самопочит дека ништо не чини, дека сите треба да си одиме од овде, дека сите други се подобри и секаде другде е подобро од овде.

Румена Бужаровска, Фејсбук, 14.11.18.


У Македонија има највише борци против борците за нешто

У Македонија има највише борци против борците за нешто и за пренасочување на борците да се борат за нешто за кое борците против борците сметаат дека треба да се бори, а самите не се борат. Пичка ни мајчина.

Јана Јакимовска, Фејсбук, 04.11.18.


Факти од македонската политичка историја

- Најдолга функција Претседател: Ѓорге Иванов;
- Најдолга функција Премиер: Никола Груевски;
- Најдолга функција Пратеник: Ѕинго и Амбди Бајрам.
Сакате нешто повеќе да ме прашате?!

Владимир Штериовски, Фејсбук, 24.09.18.


Животот е гигантско тенџере со шпагети

Животот е, уствари,
едно гигантско тенџере
со милион компромиси
испреплетени еден со друг
како шпагети,
и од тоа колку повеќе шпагети
има у тенџерето
зависи колку далеку
ќе стасаш во животот.

Стихо Политико, 20.09.18.


Ко овде не полуди, тај није нормалан

Апасиев зборува за комуњари.
Стевчо Подржикоњ за чесност.
Каракамишева за правна држава.
Латас за патриотизам.
Мијалков за партизирано судство.
Ко овде не полуди, тај није нормалан.

Зоран Милошоски, Фејсбук, 08.08.18.


Илинден и бојкотот

Честит Илинден, Македонци.
Само да ве потсетам - не бил успешен заради бојкот!

Зоран Ивановски, Фејсбук, 02.08.18.

Откако претприемачот zuti45@yahoo.com го доби тендерот за набавка на апарати...

Откако претприемачот zuti45@yahoo.com го доби тендерот за набавка на апарати и реагенси за лабораториите во јавните здравствени установи, министерот filip4e@marnet.mk го назначи jebo69@hotmail.com за директор на Гинекологија. За живот во Македонија.

Филип Митровски, Фејсбук, 21.07.18.


Шумата пепел, џандарите насмеани

Денес бев на Шара. Шумата е доста исечена и луѓе што често одат велат сѐ поретка станува. На одење, видовме камион полн дрва запрен од полиција. Полицијата не беше наоружана со автомати; напротив, летаа насмевки, дури и влета некој за интервенција, излезе од кола, се избацува со џандарите и си продолжи. Камионот изгледа помина, бидејќи подоле на патот сретнавме уште еден полн ко око. Никому ништо, шумата пепел, џандарите насмеани.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 02.07.18.


Не зборуваме

На каков јазик зборувате во Македонија?
Не зборуваме, скарани сме.

Никола Димитров, Фејсбук, 21.06.18.


Ние сме за утре, не за некни

Вложивме големи напори за да дојде овој ден. Ова е голем ден за македонскиот и за грчкиот народ.
Ова е добар договор за Македонците и мислам дека направивме голема работа.
Тие што имаат 'поинаков ум', за нив не можеме да направиме повеќе. Ние сме за утре, не за некни.

Костас Селцас, единствен Македонец - пратеник во грчкиот парламент од редовите на владејачката Сириза; Дојче веле / Окно, 17.06.18.


СРМ

Врти-сучи си се вративме на СРМ.
Сега уште петокраката на грбот да ја вратиме и јас сум ЗА!

Кире Миловски, Фејсбук, 12.06.18.


ШУПАК

За да успееш во Македонија треба да си:
Шармантен
Убав
Паметен
Амбициозен
Креативен
Ако ви е тешко за паметење, сетете се само на акронимот ШУПАК.

Брадестиот Џо, Фејсбук, 29.05.18.


Борбата продолжува!

Tоа за што се боревме, уште не сме го избориле. Оваа проста промена на власт е победа на некои си таму фотељаши, кои лично никогаш не ги сметав за соборци. Така што... - борбата продолжува!

Артан Садику, Фејсбук, 08.04.18.

Градови се оправаат и после бомбардирање...

Градови се оправаат и после бомбардирање, ние од фушерајски згради и мостови не можеме да се раатисаме.

Марина Мици Трајкова, Фејсбук, 10.04.18.


Силите на Злото и силите на Лошото

Во Македонија се води константна битка меѓу силите на Злото и силите на Лошото.
Затоа ни е вака.

Жарко Јорданоски, Фејсбук, 24.03.18.


За што воопшто е кадарна власта?!

Ако власта не е кадарна да утврди одговорност за лошо изградени згради и автопати, за што е кадарна? Можеби за опремата вредна милиони евра што нова, неупотребена, со години скапува неотпакувана по подрумите во болниците?
Ова е амнестија на дело. На пример, пред очи ни се распаѓа цело Скопје 2014, за што се потрошени скоро милијарда евра наши пари, а власта на Фејсбук се чуди заедно со нас како тоа се распаѓа. А има ем обврска, ем инструменти да утврди кој е одговорен. Не ме занима што мислат на Фејсбук и колку се вицкасти на Твитер. Нека кажат што направиле. Кога ќе направат нешто.

Горан Михајловски, СДК, 09.02.18.



Грците дигаат цена за продукт кој го немаат, бранејќи се од нешто што не постои

Грците денес покажаа дека знаат да дигаат цена и за продукт кој го немаат, бранејќи се од нешто кое не постои.
Се надеваме на памет од нашата страна, која нема да купи ваква лудост.

Рамадан Рамадани, Фејсбук, 05.02.18.


Каде има ваква држава?!

Каде има држава без Мозоци, Очи, Уши, а со Носоj во секоja Чорба?!

Анита Кристо, Фејсбук, 17.01.18.


Дечки од СДСМ, вие не го урнавте Груевски

Дечки од СДСМ, вие како партија не го урнавте Груевски. Не ве биваше. Партијата ви беше партал, што од внатрешни фракциски борби (фала на прашање – сега се повидливи и помногубројни од кога било), што од мрза да изработите ефективна и ефикасна стратегија за мобилизирање на граѓаните, што од систематското деструктивно дејство на ВМРО-ДПМНЕ. Јавна тајна е дека огромен дел од вашите сегашни јастреби, имаа добра (да не кажам – плодна) соработка со партијата која сега е во опозиција и по која едногласно плукаат.

Гордана Попсимонова, Независен / Окно, 16.01.18.


„Ќе излезам малку на воздух“

Одамна не сум ја слушнал реченицата: „ќе излезам малку на воздух.“

Александар Ковачевски, Фејсбук, 09.01.18.

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА - БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Орбан

Пушташ кучиња и лути специјалци против гладни деца од бомбардирани градови и села отруени со бојни отрови, креваш зидови против мајките од уништениот Алепо, не ти се трпат други вери и нации, бои на кожата, ја уриваш Европа на хистеризираната тема за имигрантите, а примаш бандити, криминалци и мирновременски злосторници какви Европа не видела во последните сто години, кој курац си ти, бе, Орбан да ја обесчестуваш Унгарија, да ја срамиш Европа и да му плукаш в лице на човекот!?

15.11.18.


Зошто гасоводот би бил еколошки поважен од говноводот познат под името Скопје 2014?

Зошто гасоводот би бил еколошки поважен од говноводот познат под името Скопје 2014? Си остана срамот. И црковните чирови во Аеродром.
Разореноста на општеството најдобро се гледа во неговата патетичност, а патетичноста во позерството како идеална замена за испразнетата вредносна и морална супстанца. Ние се однесуваме како да сме активисти на "Гринпис" во борба против светските китоловци, но забораваме дека тука немаме китови. Само сомови кленови, плашици...
Ние се однесуваме како оној тип кој го пуштил синот на комшијата да учат со ќерка му. Ги оставил и да се фаќаат. Дури и да се сексаат. Но, кога видел дека комшичево си го брише алатот од неговата завеса, влегол да го мава.

01.09.18.


Бомбардирање

Кога ќе ја претвориш нацијата во флотантна маса, можеш да ја бомбардираш и со осиромашен и со збогатен ураниум, со мртви кокошки, со жирафи и леопарди, со солзи од цијанкалиум, со сперматозоидите на Зевс, или со вагиналните секрети на Богородица.
Џабе!

18.08.18.


Смрдеа

Хорхе е вмро-дпмне, вмро-дпмне е Хорхе.
Дајте им ја Русија и ќе видите како во рок од две години големата мечка се претвораат во флека од шопска салата. Во исцедок од просташтво врз картата на светот.
Тие се злосторничка инсталација која во нашите домови влегува преку водоводната и струјна мрежа, преку медиумската и фолклорна шема и преку одложената смрдеа на историските фекалии за кои голем број Македонци мислат дека мирисаат поубаво од парфемите на Том Форд.

20.06.18.

Почесни конзули во Горна Македонија

Орце Камчев - Бугарија
Никола Груевски - Белизе
Али Ахмети - Унгарија
Сашо Мијалков - Чешка
Гордана Јанкуловска Трудната - Голо брдо
Тања Мозок - Тринидад и Ебаго

23.04.18.


Лажни митрополити

Слушам дека ритуалот на јавното самоубиство во обид, го предводеле митрополити.
Но, какви митрополити, тоа се лажни попови, како таксисти без лиценца или судии без правосуден испит, поединци измамници, узурпатори на верата, узурпатори на црковната присутност, неканонски створови, ако не ми верувате мене распрашајте се по светот, никој не ги признава, без статусот на автокефалност тие во канонска смисла не постојат, и никогаш нема да постојат, за светот на православието тие се муви што самите себе си ги имаат откинато главите и сега вртат и ја мешаат кашата во Македонија зашто тоа им е единствената шанса, немаме ниту една основа да ги признаваме и ние во Македонија, обратно, преку фашизацијата на нивното претставление имаме милион причини да им кажеме: марш оттука!

27.02.18.


Решение во судир со злото

Хистеријата на грчките и на македонските златнозорни и вмронски националисти, фашисти, клерофашисти, хохштаплери, ебиветри и злотвори, јас ја разбирам како прилог кон решавањето на спорот за името, не против решението!
Отсекогаш сум тврдел дека барањето на консензус со злото е зло и дека модерноста, нормалноста и прогресот, со сите ризици, можат и мораат да се остварат и покрај злото и против злото, а не со негова помош.
Злото може да се дезлобизира само со напредок, тоа не може да се култивира и припитомува во фазата на решавањето на кој и да е проблем!
Злото мора да се победи.
Решението за името е решение на еден проблем, но секогаш на ум треба да се има и оваа димензија: тоа решение ќе биде и победа над балканското и европско зло!

05.02.18.


Како чукаат срцата на мртвите специјалци?!

Срцето на Чавков функционирало 50 отсто.
Слабо, но, сеуште чука 50 отсто повеќе од срцата на мртвите специјалци во Диво насеље!

27.01.18.


Фотографии: David Zaitz

ОкоБоли главаВицФото