Виенскиот новогодишен концерт и нацизмот

05.01.2019 17:13
Концертот на Штраус и нацизмот

Виенскиот новогодишен концерт е една од последните масовни атракции на светската телевизија, Првото утро од новата година, во 11 часот и 15 минути по централноевропско време, на местото што себе си се смета за епицентар на Европа, група мажи во свечени костуми се качува на сцената на Салата на Виенското музичко друштво (Musikverensaal) за да го изведе ритуалот кој се претставува како симбол на културата и традицијата. А кој, се разбира, не е ниту едно од овие работи.

Таа музика е изразито кафеанска, а ја напишале членовите на семејството Штарус за забава на војниците и послугата по ефтините виенски крчми. Како што се случува со повеќето форми на валканиот танц, оваа музика постепено се воздигнала од кафеаната до балската сала и наскоро на бис ја изведувале симфониски оркестри, проследено со воздишките на уважените дами „wie schön/колку прекрасно“.

Новогодишниот концерт е бонбониера склопена од валцери, полки, галопи, маршеви и кој било друг класичен музички треш. Го гледаат 60 милиони луѓе во 90 држави што е триумф на маркетингот на еден бренд врз музичката супстанца, а чијшто заштитник е смајли на „надежта, пријателството и мирот“. Неговата културна вредност е еднаква на двојна порција на туристичкиот кич. Не е штетно, освен ако водите сметка за здрава исхрана.

Меѓутоа, оваа традиција е несомнено штетна. Новогодишниот концерт настанал како подарок на нацистичките злосторници, како маска за геноцидот, Виенската филхармонија не се колебала да ги отпушти Евреите и левичарите кога Хитлер дошол на власт. Дванаесет музичари биле испратени во концентрациони логори, а седуммина од нив таму биле убиени. Оркестарот еднодушно го прифатил спојувањето со Германија – „100 отсто да“ на поттикот на диригентот Карл Бом, окестарот се зафатил со културно чистење, отстранувајќи го Малер и други великани од своите ѕидови и од својата историја.

Расистичкиот ревизионизам напредуваше. Нацистите ја сведоа Виена на провинциска престолнина и Филхармонијата се уплашила за својот статус. Затоа музичарите му се додворувале на Балдур вон Ширек, виенскиот нацистички градоначалник, љубител на музиката кој во смрт ќе испрати 65 000 Евери од Виена. Тој го аминувал првиот Штраусов концерт на 31 декември, 1939 година, а приходот го насочил во нацистичкиот добротворен фонд „Kriegwinterhilfswerk“. Две години подоцна, Штраусовиот концерт прераснал во редовен годишен настан. Со оркестарот диригирал пронацистичкиот Клеменс Краус (Clemens Krauss), а подоцна го заменил правоверниот Вили Босковски (Willi Boskovsky). „Колку прекрасно“, воздивнувале дамите.

Нацистичкото потекло на новогодишниот концерт во Виена било потиснато сè до минатата година, кога еден историчар открил дека Филхармонијата им доделила признанија на шестмина масовни убијци, меѓу останатите и на холандскиот касап Артур Сес-Инкорт, директор на железницата во Рајхот, кој ги испраќал возовите во Аушвиц. Тие почесни признанија не биле поништени до 2013 година, а некои од злосторниците присуствувале на концертите на Филхармонијата до 60-тите години на минатиот век.

Кога ја гледаме дотераната публика на Новогодишниот концерт составена од бизнисмени, славни личности и дипломати, не е тешко да ги замислиме нивните претходници облечени во црни костуми на истите плишени седишта. Мотото на овој град гласи: „Wien bleibt Wien“ – Виена никогаш не се менува. Неговата клучна карактеристика ја воочил Зигмунд Фројд: „Schein über Sein“ – поважно е добро да се изгледа отколку да се биде добар. Во Виена најважен е изгледот.

По децении перење на својата историја, во текот на последните неколку години, под притисокот на јавноста оркестарот почна да се менува, но неговото нацистичко наследство е прилично жилаво. Карл Бом, исклучителен диригент, но не осоено памете човек, зборувал дека „нацистите не се толку лоши – тие сакаат да ги отстранат жените од политиката“. Многуминаво Виенската филхармонија би се согласиле со тоа. Оркестарот до неодамна не примал жени. Едно од перверзните задоволства се состои во пребројувањето на оние малку жени на кои им е дозволено да настапат. Оркестарот има 7 музичарки наспроти 130 машки членови, што е најмал удел на жени во еден симфониски концерт во 21 –от век.

Австриските и европските закони забрануваат полова дискриминација. Пред три години, австрискиот парламент ја казни Филхармонијата со намалување на буџетот за 2,29 милиони евра (но политичарите кои ја поддржуваат таа сума успееја да ѝ дотурат на мала врата). Во своја одбрана музичарите истакнуваат дека нивниот стил се населдува од татко на син, од роднина на роднина и дека така се чува последниот препознатлив звук во глобално хомогенизираниот концертен свет. Овие непотисти имааат право: ниеден друг оркестар не постигнува толку слаткаста налицканост во изведбата на Штраус, ниту таква иронична дистанца при изведувањето на Малер.

Но цената на тој звук е неприфатлива предрасуда. Музичарките и музичарите од Азија кои победуваат на аудициите за прием во оркестарот на Виенската опера немаат пристап до машкиот клуб наречен Виенски симфониски оркестар. Денес, многумина сметаат дека таквите ставови се неприфатливи. Филхармонијата доживувала демонстрации и закани за тужби на гостувањата во Соединетите држави. Но не и дома и никогаш на првиот ден од новата година. Сè додека изгледот е поважен од суштината – сè додека светот ужива во музичките шеќерлеми и не го гледа валканото во кујната на оваа слаткарница, новогодишниот концерт во Виена ќе остане миленик на милиони семејства и сведоштво за човечката способност погледот да се сврти на другата страна.

Извор: The Spectator

 

ОкоБоли главаВицФото