Божиќна љубовна песна во два дела

07.01.2019 14:34

Прв дел, Пред прославата


Мила, дали знаеш каде ти е што?

Дневничките записи од манастирот

Белешките на палома шамивчиња

Планерите со цели за минатите години

Списоците со позајмени книги

Боичките од Оffice

Црните маркери од книжарата во Аеродром

На ќошот до кладилницата

Таму кај што запре

И го запиша првиот стих од „Понекогаш посакувам...“

Дали знаеш

Каде ти се мислите

Кога чувствата танцуваат со мали позлатени

Чевличиња од радост

Дека ќе бидат видени на светлината

Од полноќниот огномет а ти не можеш

Да изброиш до десет

Дали знаеш дека си го заборавила

Периодниот систем

Во внатрешниот џеб од палтото

Што го остави на поправка

Кај кројачот до Зелено пазарче

Пред седум години

И никогаш не отиде да го земеш

Којзнае дали кројачот го закрпил ракавот

Го сменил патентот

Дали елементите почнале да се цедат

Од скришниот џеб

Или паднале неки ситни ковани парички

Спремни да влезат во автоматот за еспресо

На излезот од меѓуградската автобуска

Се чини не знаеш ништо

Се чини на тој пешачки

На раскрсницата кај Градска болница

Од задниот багажник на точакот ти падна

Сивата ракавица

И дури ни тоа не знаеш

Каде ти е шалот од Перу

Што ти го даде Исидора

Дента кога го бомбардираа Белград

Кога годината беше пократка од денот

Кога мислеше нема да ја преживееш

И нема да ти треба ташна

Зашто во гроб ништо не можеш да однесеш

И не знаеш ни гробот кај ти е

 

 

 

Втор дел, после прославата


Дали знаеш

Која си сега

Пред и околу подбрадокот

Подвитканата опашка

Професионално закрпениот ракав

И нежно превртената етикета

На местото од палтото

Кројачот, жижиците и честичките

Скршени лампиони

На паркингот за елки

Лево

И некако тоа не те изненадува

Само внимаваш да не ја скандализираш

Продавачката во Оffice

И трчаш кон влезот за службени лица

Да го скриеш мирисот на запалено

Изгорениот лакт

Пред да заборавиш од што ти е таа лузна

И дека небесно тело

Циркулирало таму

И така го мериш времето

Пред и после лузната

И не знаеш, не

Каде ти се лактот, кометата, лузната

И елементите кои те преплавуваат

Преку внатрешниот џеб

Немаш поим

Ништо

Нека ти е честита

Новата дупка

Во меморијата на твоето сиренце Мила

И да, те сакам

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото