Агорафобичен патувач

08.01.2019 14:41
Агорафобичен патувач

И покрај тоа што страда од агорафобија и анксиозност, Џеки Кени (Agoraphobic Traveller) нашла начин како да го прошета светот – преку Google Street View. Таа прави мајсторски скриншотови од сликите фатени од камерите на GSV, и има фантастично око за боја и за композиција. Никогаш не би помислиле дека овие мигови се уловени на ваков начин.

Можеби го имате гледано краткиот документарец што Google го направи за неа, а можете да го посетите и нејзиниот профил на Instagram, каде што ќе најдете и други фотографии од нејзините патувања.

Извор: www.booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото