Мајка

08.01.2019 15:25

Ми се јави мајка ми да ми честита Божиќ.

И да ми каже дека ако не сопре снегов, на ниет е да се убие.

Јас сакам да кажам дека утринава едвај постојам,

олабави ме, аман. Изгледа пак ќе треба да одам на психијатар.

Кај оној кој ми поставува најсуштински прашања:

„Но што точно чувствувате?“

Наместо ова, ѝ кажувам дека покривот протекува.

Додека зборувам, снегот се топи на каучот.

Ѝ кажувам дека се префрлив на јадење мусли, па ете,

веќе не мора да стравува дека ќе добијам рак и дека ќе си ги фрла парите.

Ме ислушува.

Потоа ми соопштува дека има да ја снема од ова скапано место.

Некако. Само уште еднаш би го видела, а и мене, но легната в ковчег.

Од никаде, ја прашувам дали ѝ текнува кога тато беше труп пијан

и кога му ја скастри опашката на малото Лабрадорче.

Терам некое време со муабетов, зборувам за тие времиња.

Таа слуша, чека да ѝ дојде редот.

Продолжува да снежи.

Снежи и снежи, додека ја спуштам слушалката.

Дрвјата и покривите се покриени со снег.

Како да зборувам за ова?

Како воопшто да објаснам што чувствувам?

 

Препев: Магда Ориѓанска

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото