Најдобрите вицови на Окно во 2018

09.01.2019 10:51
Најдобрите вицови на Окно во 2018


Мал. Чекан.

- Комшија, имаш ли чекан?

- Имам мал, комшике.

- Ма знам, ама дали имаш чекан?!


Исклученото wi-fi

Комшија се скарал со жената и исклучил wi-fi.

„Па друже, каква врска имам јас со вашата караница?!“


Сеедно, го поклонувам!

Купив ајфон 7 плус 256 ГБ, на син ми му падна, екранот скршен парче.

Сеедно, го поклонувам!

Детето има 8 години.


Дојди сега

Две плавуши спиеле во ист кревет, ама им било многу тесно.

Едната паднала од креветот, а другата рекла:

- Дојди сега, има место.


Мажите се како плочки

Мажите се како плочки. Ако ги наредиш правилно, можеш да газиш по нив со години.


Фламинго

- Вујче, дали и мене ме донел штрк?

- Не, сонце на вујко, ти си педер и тебе те донесе фламинго!


Сите мочаат во базен

Разговараат Мујо и Хасо и Хасо вели:

-Денес бев на базен и за пола саат ме избркаа од базенот!

-А зошто? - прашува Мујо.

-Мочав во базенот.

-Па што има врска, сите мочаат во базенот.

-Абе и јас им го реков истото ама тие ми рекоа:

- Сите мочаат во базен, ама никој од скокалница!

Мујо во амбуланта

Мујо во амбуланта.

Докторката: Соблечете се.

Мујо: А прво малку да се љубиме?!


Најголем порок

-Што е ваш најголем порок?

- Тешки дроги и лесни жени. Уствари, лесни дроги и тешки жени. Не, без дроги, сепак мајка ми ова ќе го чита. Само лесни жени, ама дрогирани.


Наркоман убил полицаец

Наркоман убил полицаец и се јавува во полиција.

- Ало, вие сте 192?

- Да.

- Е сега сте 191.


Љубопитност

-Докторе, дали ми се готови резултатите? Умирам од љубопитност.

-Не само од љубопитност, господине...


Во кои органи има најмногу паразити?

- Во кои органи има најмногу паразити?

- Во државните.


Добар ден, дали е тоа Општина?

- Добар ден, дали е тоа Општина?

- Да, повелете.

- Ве молам, раскажате ми некој виц?

- Дечко, овде се работи, се нема време за вицови.

- Хахаха! Добар!


Просечниот Македонец живее два пати подобро

Македонскиот државен завод за статистика свикува прес конференција за да соопшти важно откритие:

– Според податоците кои ги анализиравме, заклучивме дека просечниот Македонец живее два пати подобро!

Еден од новинарите прашува:

– Споредено со која година?

– Со следната.


Сила

Најново истражување покажало дека Македонците физички стануваат сѐ посилни. Пред десет години, беа потребни двајца луѓе за да понесат товар со производи купени за 1000 денари. Денес, тој товар може да го носи и петгодишно дете.

Награда

Се сретнуваат двајца полицајци:

-Колега, имаш нов часовник!

-Да, Ролекс, златен!

-Да не е награда?

-Да, така нешто.

-Сигурно си фатил опасен криминалец?

-Не, го пуштив...


Подарок автомобил

Влијателен бизнисмен сака да му подари автомобил на политичар.

-Знаете дека не можам да го примам, тоа е поткуп! - протестира политичарот.

-Тогаш, ќе ви ја продадам за триесет евра - предлага бизнисменот.

-Во тој случај, ќе купам две! - рекол политичарот.


Материјалист

Некој богат човек си се возел во новото Ферари и направил сообраќајка… Кога дошла полицијата тој почнал да извикува:

-Леле колата, леле новата кола!

Полицаецот му вратил:

-Човеку, како можеш да си таков материјалист, зарем не гледаш дека ти ја нема левата рака.

Човекот погледнал и извикал:

-Леле Ролексот!


Мудрост

Двајца другари ловат риба и едниот фаќа златна рипка.

-Пушти ме назад во водата и ќе ти дадам животен подарок. Бирај дали сакаш љубов, мудрост или милион долари - рекла рипката.

- Сакам мудрост, пресекол рибарот.

- Готово. Ја имаш, рекла рипката и се вратила во водата.

По неколку минути тишина, другиот рибар му вели:

- Ајде бе, кажи нешто мудро.

- Требаше да ги земам парите.


Чаша вода

(Се случува во времето меѓу светските војни.)

Влегува Мујо во кафеана и нарачува кафе.

- Добро, какво кафе сакате? Турско или француско?

Се дума Мујо, да не крие прашањето некоја политичка провокација, па вели:

- Чекај, си мислам поарно да земам чај.

- А каков чај сакате? Руски или англиски?

- Знаеш што? Дај донеси ми чаша вода!


Фраер

Чак Норис извадил македонско државјанство од грчка амбасада!


Ловечки приказни

Зошто секое ловечко куче има спуштени уши?

Зашто им се здосадени ловечките приказни.

Вулканот Eyjafjallajökull

Вулкан на Исланд се вика Eyjafjallajökull.

Човекот што го смислил ова име во тој момент ја бришел тастатурата со крпа, нема друго објаснување.


Се шетаат две циганки по улица

Се шетаат две циганки по улица и едната ѝ вика на другата:

-Леле мори што си убава денеска.

-Фала на елементот.

-Не се вика елемент, се вика компликација!


Каде Исус заминал од Бетелхем?

Трпе на квиз го прашуваат:

- Каде Исус заминал од Бетелхем?

Трпе одговара:

- Не знам. Можда у Тотенхем?!


Надувани пчели

Дошла пчела во кошница и гледа, сите пчели надувани.
Прашала пчелата:

- Има ли овде трут?

Една пчела повлекла дим и рекла:

-The truth is out there.


Два излеза

-Што има ново?

-Еве добив повик за војска.

-Лошо!

-Лошо, ама не толку! Имам два излеза: да избие војна или да не избие. Ако не избие добро, ама ако избие пак имам два излеза: да ме пратат во борба или да останам во заднина. Ако останам во заднина добро, но ако ме пратат во борба, пак се два излеза: да не загинам или да загинам. Ако загинам, лошо, но и тука имам два излеза: да одам во рајот или да одам во пеколот. Ако одам во рајот супер, ама ако одам во пеколот... Два излеза: да го сретнам ѓаволот или да не го сретнам. Ако го сретнам ете ги двата излеза: јас да го изедам или тој да ме изеде. Ако го изедам супер, ама ако тој мене ме изеде... тогаш имам само еден излез!

Вилата и брачниот пар

Вилата му рекла на брачниот пар:

- За узорниот брак од 35 години на секого од вас ќе му исполнам по една желба.

- Сакам патување низ светот со своето најмило маженце - рекла жената.

Вилата замавнала со своето стапче, и „пуф“, два билета се создале во нејзината рака.

Дошол редот и кај мажот. Тој за момент размислил и рекол:

- Значи, мигов е навистина мошне романтичен, но ваква шанса се пружа еднаш во животот. Жал ми е, љубов моја, но желба ми е да имам жена 30 години помлада од себе.
Сопругата била длабоко разочарана, но желбата си е желба. Вилата замавнала со стапчето, и „пуф“... одеднаш мажот станал стар 90 години.

Поука на приказната: Мажите се можеби расипани, но вилите сепак се жени.


Ќе направам сè што ќе посакаш за 10 евра, но само под еден услов!

Трпана седи на шанк, ужива во коктелот и гледа во еден згоден, отмен и секси маж што седи во кафулето.

Тој ѝ приоѓа и пред таа да успее да му се извини за непријатното “зјапање“ ѝ шепнува на уво:

– Ќе направам сè што ќе посакаш за 10 евра, но само под еден услов!

Трпана изненадено прашува кој е условот, а тој одговора:

– Мораш во три збора да ми опишеш што сакаш да ти правам!

Таа кратко размислува, со насмевка му ги става во рака клучевите и му шепнува:

– Исчисти ми дома!


Состанок

Фраер ѝ се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште. Ја кани на состанок и таа се согласува. Ја прашува:

– Сакаш нешто да се напиеме?

– Не, благодарам. Ако прифатам покана на пијалок, што ќе им кажам потоа на своите ученици на часот по веронаука?
После долга прошетка по градот ѝ нуди цигара, а таа одбива со зборовите:

– Не, благодарам, никако. Што би им кажала на учениците по веронаука?

Се враќаат во кола, а на патот кон дома типот здогледува мотелче. Си помислува, „нема што да изгубам“, и ја прашува:

– Сакаш да поминеме таму?

– Може! – одговара таа.

Изненаден од нејзиното прифаќање, прашува:

– Ама што ќе им кажеш на своите ученици по веронаука!?
Таа одговара ладнокрвно:

– Токму тоа што секогаш им го кажувам: „Не мора да пиете и да пушите за да си поминете фино”.


Си биле Доналд Трамп, Папата, Леброн Џејмс и 10-годишно дете

Си биле Доналд Трамп, Папата, Леброн Џејмс и 10-годишно дете. Се возеле во авион кога тој наеднаш почнал да се руши. Нема начин да се спасат освен да скокнат со падобран, но падобрани се само три.

Леброн Џејмс вика: -Јас сум најдобриот играч на НБА, им требам на мојата екипа и фанови, не можам да умрам. - Го зема првиот падобран и скока.

Доналд Трамп вика: – Јас сум претседател на најмоќната држава на светот, воедно и најпаметниот претседател во историјата на Америка, моите луѓе не би сакале да умрам. - Го зема вториот падобран и скока.

Папата се врти кон четвртиот патник, 10-годишното дете, и му вели: -Синко, јас сум стар и немам уште многу пред мене, ќе се жртвувам и тебе ќе ти го оставам последниот падобран.

- Во ред е - одговара детето - најпаметниот претседател во историјата на Америка го зеде мојот школски ранец.

Карикатури: Маргарита Јанчева


 

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото