Илјадници книги во САД влегоа во јавен домен без авторски права

09.01.2019 15:40
Илјадници книги во САД влегоа во јавен домен без авторски права

Од 1 јануари во САД, илјадници познати книжевни дела влегоа во јавниот домен, односно нивното објавување не бара обезбедување на авторски права. На книгите на Роберт Фрост, Вирџинија Вулф, но и Агата Кристи им истекоа авторските права.

„Сушата заврши", објави центарот за јавен домен на Првниот факултет Дјук, издвојувајќи некои од книжевните дела кои сега се достапни без авторски надомест, меѓу кои се книгите на Едгар Рајс Бароуз, Калил Џибран, П.Г. Вудхаус, Д.Х. Лоренс, Едит Вартон, Камингс и други. Авторските права во САД истекуваат и за голем број филмови, слики и музика.

Јавниот домен за авторските права беше замрзнат цели 20 години, но сега стигнавме до неговото одмрзнување", изјави директорот на центарот Џенифер Џенкинс за списанието „Смитсонијан“. Списанието предвидува дека ова одмрзнување на авторските права би можело да има огромно влијание врз креативноста и културата, бидејќи „никогаш не сме виделе толку масовен влез во јавниот домен во дигиталната ера". Брустер Кале, основач на Интернет Архива (Internet Archive), изјави за „Смитсонијан“: „Имаме измамена генерација бидејќи целиот 20-ти век во голема мера недостасува од интернет.“

Истекувањето на авторските права значи дека секој може да објави издание или цела едиција. Илјадници книги, во иднина ќе станат дел од архивите на текстови на страниците како што се „Интернет Архива„ и „Гугл книги“. Писателите ќе можат да ги користат како инспирација, создавајќи нови дела или продолженија. Студентите ќе можат слободно да ги цитираат; театарските продуценти ќе можат да ги адаптираат.

„Не можеме точно да предвидиме колкава ќе биде користа што ќе ја имаме од ова“, вели Мајк Фурлу, извршен директор на HathiTrust. „И тоа е возбудливо".

Извор: The Guardian

 

Слични содржини

Свет / Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Музика / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото