Иконографија, токсикологија и мрачна идеологија: 50 години „The Velvet Underground“

10.01.2019 02:14
Иконографија, токсикологија и мрачна идеологија: 50 години „The Velvet Underground“

„The Velvet Underground“ и Нико ја отелотворуваат ретко реализираната идеја дека музика навистина може да го промени светот.
Централна референтна точка во речиси сè што беше значајно во рок музиката во изминатите 50 години, генерации на неповрзани музички движења зедоа по нешто од нив. Пост-панк, глам рок, арт рок, new wave, noise, па дури и industrial - кај сите овие музички движења може да се препознае наследството од еден иконичен албум. Неговото влијание сè уште е силно присутно во модерната музика и останува обележје за она што значи нешто примарно и сосема надвор од нормата.

Комерцијалните притисоци, моќните личности и креативниот импулс често може да доведат до компромис во бендот. „Velvet Underground“ во никој случај не беа имуни на овие фактори, но, извонредно е како секој креативен соработник во оваа група остана верен на своите индивидуални инспирации.

Лу Рид беше конфликтната црна овца, потекнува од еврејско семејство од средната класа. Информиран, со завршени студии по книжевност и престој во ментална институција на возраст од 17 години, Рид сакал да ја прошири идејата за тоа што би можело да произведе популарната музика. Музички, младиот текстописец растеше на Motown музиката, сурф рокот и слаткастиот поп-звук несвојствен за бескрупулозните „Пиквик Рекордс“.
Toj се обидел да ги следи чекорите на книженоста на Вилијам С. Бароуз и неговата бит генерација. Рид видел неограничен потенцијал, скриен зад клишеата на рокенролот, за да во него смести поширок опсег на значење.

Отфрлајќи ја бариерата меѓу рок музиката и поетскиот наратив, Лу инјектирал доза на неморал и деградација во музиката. Во време кога пуританските вредности и законите против неморалност сè уште можеле да стават јамка околу вратот на авангардата, Рид пеел за хероин, трансвестити и момчиња за изнајмување. Сепак, бендот не започнал како некој голем уметнички потфат . Гледајќи да профитираат на поинаков начин, „Пиквик Рекордс“ го охрабруваат Рид да собере лажна група за изведба на синглот „Ostrich“. Првично, групата се викала Примитивците (The Primitives) и почнала да настапува во живо; случајно станувајќи редовна во њујоршкиот клуб „Kafe Bizarre“ во 1965-та година.

Во тоа време заедно со Рид свирел и Џон Кејл (John Cale). Кејл бил емигрант од Велс, следбеник на авангардата. По завршувањето на студиите во Лондон, во 1963 година тој се пресели во Њујорк, каде што станал познат свирејќи со влијателни неокласични музичари како Џон Кејџ и Тери Рајли. Младиот уметник веројатно би бил среќен и да продолжи да свири пијано со лактите уште и педесетина пати, но кога се сретнал со Рид на една забава, се согласил да се придружи на групата.

Стерлинг Морисон (Sterling Morrison), кој дипломирал на универзитет во Сиракуза, бил поканет да свири со Примитивците на една случајната средба во њујоршкото метро од Лу Рид, негов познаник од средното училиште. Морисон на групата ѝ донел поконвенционална основа, повеќе ритам и соло делови, за да ги приземји честопати тешко издржливите композиции на Рид. Бендот го напуштил во раните 70-ти години, целосно исчезнал од популарната музика, со едно кратко навраќање на почетокот на 90-тите години.

Заменувајќи го претходниот тапанар на Примитивците, Ангус Меклајз, начинот на свирење на Морин „Мо" Такер (Maureen Ann "Moe" Tucker) всушност, допринесе групата да не се распадне. Како и Кејл, Такер ја гледаше музиката поинаку и така го формираше нејзиниот самоук пристап. Додека Меклајз во звукот на бендот воведуваше идеи од источната музика, Такер влијаеше уште посилно со нејзиниот апетит за африканските ритами на Бабатунде Олатунџи и економичните удари на Бо Дидли. Метрономичната Такер свиреше со силни продорни удари, и исклучиво стоејќи.

Индиректно, Енди Ворхол останува едно од најголемите непризнаени влијанија во популарната музика. Иако не помогнал многу групата да го обликува својот звук, малкумина би го негирале неговото влијание во негувањето на нивниот став и стил. „The Velvet Underground“ беше дел од групата на Енди, но тој самиот не беше дел од ништо", изјави Рид за списанието „Spin“ во 2008 година.

Уште пред да се сретне со „The Velvet Underground“ Ворхол имал врски со групата. Тој ги познавал авангардните музичари Ла Монте Јанг (La Monte Young) и Маријан Зазила (Marian Zazeela), кои свиреле со Кејл во „Театарот на вечна музика“ (Theatre of Eternal Music). Овој аристократ на њујоршката сцена го знаел и уметникот Валтер Де Марија, тапанар од раната фаза на Примитивиците. Откако се запознале преку заеднички познаник, Ворхол брзо станал покровител на младите музичари.


Додека уметноста сè повеќе се интересирала за популарната култура и световното, поп музиката и уметноста, истовремено се судриле и здружувале во „The Velvet Underground“. „Трешот“ може да биде отмен. Грдото може да биде убаво. Тој ја деконструирал конзумеристичката култура и ги фатил нефилтрираните слики на модерниот живот. Како и Ворхол, Рид и неговото друштво биле особено обземени од она што било игнорирано или разубавувано од страна на мејнстримот. Како менаџер на групата, Ворхол во „The Velvet Underground“ ја втиснал идејата дека сè може да биде уметност.

Под покровителството на Ворхол, „The Velvet Underground“ стана центар на андерграунд сцената во Њујорк. Групата беше трансплантирана од „Кафе Бизар“ во „Фабриката“ (The Factory). Со поддршка на Ворхол тие стануваат домашен бенд и централен звучен и соничен дел од мултимедијалниот феномен на Ворхол, перформансот „Exploding Plastic Inevitable“.

Групата длабоко навлезе на светот на уметноста на полaроидот во Фабриката на Ворхол и таа се најде на надреалистичка сцена каде што се среќавале разни видови измамници, трансвестити, млади богати девојки и момчиња и живиот театар. Ворхол, исто така, ќе помогне во кофинансирањето на нивниот деби албум заедно со Норман Долф, шеф за продажба на „Columbia Records“.

Пејачката Нико била привремен додаток на бендот. Одбрана од Енди Ворхол, бидејќи верувал дека шик актерка, манекенка и пејачка може на групата да ѝ донесе екстра привлечност. Според него, на групата ѝ недостигала многу потребната харизма. Забележана по нејзината улога во француската драма „Сладок живот“, ледениот карактер на оваа фем фатал изгледаше како да придонесува за зголемување на креативниот импулс. Во согласност со фетишот на Ворхол за филмот, таа нa групата ѝ додала еден специфилен и кинематографски квалитет.

Нејзиното влегување во групата било далеку од мирно, таа честопати се судирала со своите колеги заради нејзината делумна глувост и општата ексцентричност. Но со нејзиното доаѓање – картите биле наредени, снимајќи го албумот во 1966 година, групата имала неколку креативни препреки освен општо познатата решителност да „нема блуз“.

Облечените во црно „Velvets“ нема да траат долго. Групата брзо се разделила со Ворхол и ја напуштила сцената околу The Factory во 1968 година. Нико и Џон Кејл, исто така, ќе заминат. По издавањето на уште два албуми групата се распаднала. Педесет години подоцна, убавината и сировоста на нескротливата иновација продолжува да звучи низ популарната култура.

„The Velvet Underground“ е доказ за концептот дека група поединци може да создаде музика со чувство на интелигенција и значење. Оваа група останува траен темел на популарната култура, звучејќи низ времето со непоколебливиот магнетизам.

Извор: Happy mag.

 

Слични содржини

Книжевност / Култура / Музика
Култура / Музика
Книжевност / Култура / Теорија / Музика
Балкан / Култура / Музика

ОкоБоли главаВицФото