Не се сите ништа исти

10.01.2019 02:34
Не се сите ништа исти

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Дарко Настески, Оливера Ќорвезироска и Иво Антов.


Тања Аждаја
Не се сите ништа исти.


Дарко Настески
Па ни чисти.


Тања Аждаја

Паничисти? Што се тоа?


Дарко Настески
Аждери.


Иво Антов
Ако сѐ е ништо, тогаш се исти.


Тања Аждаја
Нихил исти.


Оливера Ќорвезироска
Иво, бегај да бегаме, кај бе со оваа ќе се натпишуваме <3


Тања Аждаја
Нема натпишување во допишување, а и мојава констатација е вишак :)


Оливера Ќорвезироска
Секоја ти е вришак, не вишак; ти си генијалист.


Иво Антов
„Пишујам да те натпишам“ би бил одличен фестивал на новосоздадени народни песни.


Оливера Ќорвезироска
Или: „Дај да пишам, мила мајко, да се опишам“.


Иво Антов
Тоа е мотото, и песна за отворање.

Оливера Ќорвезироска
Ако сѐ е ништо, имаме сеништа.


Иво Антов
Или с(т)оништа.


Тања Аждаја
Стоништа на ролање? :)


Иво Антов
Ќе роламе ако мораме.


Тања Аждаја
Или што би рекле од ТМОРО: ќе троламе ако тмораме.


Оливера Ќорвезироска
Стрелишта (убоити сништа) и стрништа (ожнеани сништа).
Важно е да не вм(р)ораме.


Иво Антов
И врништа, влажни сништа.


Оливера Ќорвезироска
Врзмишта, повуци-потегни сништа.


Иво Антов
Ќе ги преораме како ништо.


Тања Аждаја
Оливера тука би се убацила со дефиниција за преоратив.


Оливера Ќорвезироска
Претеративни сме.


Тања Аждаја
Ќе претераш па ќе депре тераш :(


Оливера Ќорвезироска
Депресијо моја, шта учини од мене тиии...


Тања Аждаја
Види ја - и кога е депре сија!


Оливера Ќорвезироска

Шта то сија, шта то сија?...


Иво Антов

И Нико, и Ништа.


Тања Аждаја
- Како се викаш?
- Нико.
- Нико Нико, Нико као јааа!


Слики: Брадестиот Џо

 

ОкоБоли главаВицФото